Samsung Galaxy Buds Live: Елегантни „гравчиња“ за сечие уво

Објавено на 31.10.2020 07:30 во Рецензија


Samsung Galaxy Buds Live: Елегантни „гравчиња“ за сечие уво

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Елегантен дизајн;
- Квалитетна изработка за да не му пречи на увото и да се прилагоди кон сечија форма;
- Дизајн во форма на грав;
- Можност за упарување на еден уред со повеќе слушалки;
- Апликација за наоѓање доколку ги изгубите;
- Старите слушалки може да се упаруваат со новите;
- Безжично и жично полнење;

 

Negatives:



Целата рецензија

На пазарот може да се најдат многу безжични слушалки, но оние што навистина остануваат на увото и ви се комфортни додека трчате, разговарате, јадете или едноставно се брзате од еден состанок на друг, ретко може да се најдат. 

Samsung Galaxy Buds Live безжичните слушалки се вистинско ремек дело. Тоа што го тестиравме, мора да признаеме, беше вистинска уметност. Како да сте добиле две гравчиња дизајнирани од врвен уметник, затоа што и изгледот е инспириран од зрна грав. Samsung го направиле дизајнот сериозно добро, овие слушалки се разликуваат од сите останати. Фактот што не влегуваат во ушниот канал е голем плус, затоа што нема да имате непријатен притисок на увото кога ги употребувате.

Она што дефинитивно ги привлекува туѓите погледи е самата кутија за спремање на Buds, која истовремено е станица за полнење. Кога батериите ќе се испразнат во слушалките, едноставно ги ставате во кутиичка и тие се полнат. Имате три различни полнења од кутиичката, што значи и вкупно 30 пати слушање. Што се однесува до полнењето, можете да користите безжично и жично полнење на кутијата и слушалките во неа. Кутиичката сугерира со мала сијаличка кога е потребно полнење, која светнува зелено кога е полна, портокалово кога е до половина или црвено кога е речиси празна.

Кутијата е елегантна, мала и влегува во сечиј џеб или чанта. На прв поглед изгледа како кутија за накит, а не футрола за слушалки. Истата линија ја имаат и слушалките, мали се, елегантни и многу дискретни. Прво може да ви паѓаат на подот додека да ја усовршите техниката за ставање и вадење од ушите.

За разлика од останатите слушалки што се во самото уво, Buds Live го искористуваат обликот на ушната школка и не влегуваат во самиот ушен канал. Го следат заоблувањето на внатрешниот дел и удобно „се сместуваат“. За оние што имаат поголеми уши, Samsung ставил и силиконски гумички во пакувањето што може да се стават на слушалките за да може поубаво да се сместат во увото. Упатството дава сугестија дека слушалките треба да се носат со тие гумички, ние приметивме дека ни се постабилни без нив.

Звукот со Buds Live е брилијантен, а гласноста може да ја регулирате преку вашиот смартфон или преку гестови на самите слушалки, кои пак ги регулирате преку апликацијата. Звуците за време на телефонски повик се многу јасни, чисти и доволно гласни што ќе можете убаво да ги слушате и разбирате вашите соговорници, дури и за време на силна бучава во околината.

Galaxy Wareable апликацијата ќе ви помогне доколку случајно ги изгубите слушалките со "Find Buds" опцијата. Доколку се во близина на телефонот и во негов домет, тогаш ќе почнат тивко да пипкаат. Колку подолго ги барате, овој звук станува се повеќе иритирачки и ефикасен за вас. За оние што се плашат дека би можеле да ја изгубат едната или двете слушалки, Samsung се погрижил и новата слушалка лесно да се упари со старата и да функционира без проблем.

Ако користите неколку уреди, а сакате да го користите Buds Live со сите нив, доволно е да го вклучите "Seamless earbud connection", опција што овозможува конектирање на слушалките на повеќе уреди. Доволно е да бидете логирани на истиот Samsung профил и на екранот да одберете друг уред. Тоа е тоа. Од ист уред може да ја споделувате и истата содржина на неколку пара Buds Live слушалки.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.