Ја одби понудата за McDonald's и тргна по својот пат, денес има 100 милијарди долари

Објавено на 05.11.2020 12:30 во Рецензија


Ја одби понудата за McDonald's и тргна по својот пат, денес има 100 милијарди долари

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Паметна одлука што се одлучил за факултет и предвремено го прекинал;

 

Negatives:

- Ќе останел само со сендвичара доколку почнел да работи со McDonald's;



Целата рецензија

Марк Цукерберг да не го основаше Facebook и станеше еден од најбогатите луѓе на светот, компанијата веројатно денес би ја водел McDonalds. Првиот човек на најголемата социјална мрежа на светот Facebook, почнал да се развива од студентска соба на Харвард и се разбира, ниту во најлудите соништа не можел ниту да претпостави дека неговиот проект толку ќе се развива и денес, благодарение на Facebook, со 36 години ќе биде тежок речиси 100 милијарди долари.

Татко му не го терал својот син, Марк Цукерберг, да се запише на факултет по секоја цена. Му дал избор, или да студира, или ќе му купи франшиза за McDonald's и него ќе го стави на главното место. Да ја одберел франшизата, веројатно би заработил добро досега, но не би бил ниту близу до оваа позиција на којашто се наоѓа сега.

Водењето на McDonald's за многумина би била подобра инвестиција и прилика за успех, но во 2002 година, Марк Цукерберг сепак се одлучил за факултет, а она што е посебно интересно, на крај се откажал од студиите. Се разбира, со оглед на тоа што постигнал толку голем успех со Facebook, не е тешко да се заклучи дека неговите родители не се лутат за неговиот избор и фактот дека наместо факултет се одлучил за сопствен бизнис.

Не е познато до ден денес колку пари планирал да вложи татко му на Цукерберг во франшизата за брза храна, кој по професија е забар. Според некои информации од почетокот на овој век, цифрата тогаш била од 1 до 2 милиони долари.

Што се однесува до годишната заработка од водењето на вакви франшизи, пред неколку години во САД, изнесувале околу 90 илјади долари, иако тие цифри за McDonald`s често се и поголеми.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.