Garmin како ваш советник за бременост – Смарт часовник на следно ниво

Објавено на 11.11.2020 16:59 во Рецензија


Garmin како ваш советник за бременост – Смарт часовник на следно ниво

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Смарт часовниците се повеќе прераснуваат во мобилни мини медицински уреди кои се грижат како за вашата кондиција при фитнес активности, така и за вашето здравје со следење на сите витални функции. Како што се разгорува трката меѓу брендовите за нови и уникатни здравствени услуги, така и новите смарт часовници ќе добиваат се повеќе можности за мониторирање на здравјето на корисниците.

Нов исчекор направи Garmin, брендот кој независно успева да се наметне во категоријата на смарт часовници и фитнес тракери и алки, а не е под капата на некој од моќните технолошки гиганти. Garmin сега воведе и опција за следење на бременоста на идните мајки преку нивниот смарт часовник или фитнес тракер, што може да биде од голема корист во тие девет деликатни месеци.

Подобра бременост со совети за вежби и исхрана

Новата функција за следење на бременоста корисничките на Garmin уредите ќе може да ја активираат преку мобилната апликација Garmin Connect која е компатибилна со речиси сите модели на Android и iOs смартфони со цел да имаат целосен увид во статистичкиот приказ на податоците и неделните и месечни пресеци.

Следењето на бременоста преку Garmin Connect овозможува следење на различен вид на податоци за трудниците, од преглед на контракциите, нивната зачестеност, можни несакани симптоми и состојби и многу различни детали кои придонесуваат за генерирање на една опфатна слика за идната мајка.

Интересно е што трудниците ќе може да го следат и развојот на плодот, а сликовито за неговата големина ќе добијат преку споредба со одреден вид на овошје.

Можете исто така да ја инсталирате Pregnancy Tracking Connect IQ апликацијата за следење на бременоста. Поврзете го вашиот часовник за да ги внесете симптомите, да го следите движењето на вашето бебе и да ги следите нивоата на глукоза во крвта. Како што се приближувате до датумот на пораѓање, може да инсталирајте и Contraction Timer Connect IQ апликацијата за тајмер ќе бидете подготвени да ги следите и временски мерите вашите контракции кога ќе се породувате.

Долнување на гинекологот за време на КОВИД-19?

Користењето на Garmin Connect апликацијата може да биде многу полезно во време на пандемија со КОВИД-19 со оглед на ограничените термини за физички прегледи на гинеколог и водење на сите параметри за бременоста онлајн, односно по електронски пат. Секако, Garmin Connect не е замена за гинеколог, туку само дополнителна корисна алатка која ќе ви помогне да ги соберете сите податоци на дневна, неделна и месечна основа и со истите да му пренесете поопширна слика за состојбата на вашиот гинеколог.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар