Размислете за нов телефон ако имате Android 7.1, оти ќе имате проблеми со софтверот

Објавено на 18.11.2020 10:17 во Рецензија


Размислете за нов телефон ако имате Android 7.1, оти ќе имате проблеми со софтверот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Време е за нов смартфон;

 

Negatives:

- Проблеми со апликациите и софтверот;



Целата рецензија

Корисниците на постари Android смартфони се соочуваат со бројни проблеми. Уредот се уште им функционира, но веќе не можат да го ажурираат оперативниот систем и апликациите. Така автоматски стануваат и ранливи на било какви хакерски напади и злонамерни програми.

Од септември 2021 година, голем број на интернет страници нема да бидат веќе достапни за постари смартфони и тоа поради дигиталната верификација, односно начинот на кој се проверува веродостојноста на некои интернет страници.

„Let's Encrypt“ телото што издава дигитални сертификати со години издава темелен сертификат ISRG Root X1, кој дополнително се потврдува со користењето на сертификатот IdenTrust DST Root X3, кој се наоѓа во сите големи оперативни системи. 

Партнерството меѓу Let's Encrypt и IdenTrusta истекува на 1 септември, 2021 година и не планираат да го обноват. Тоа во превод значи дека сите интернет прелистувачи и оперативни системи што користат IdenTrusov сертификати имаат проблеми со прикажување на третина од сите страници на интернет, кои користат Let's Encrypt сертификати.

Се работи за уреди што користат Android 7.1 Nougat или постар софтвер, односно уредите произведени или купени пред декември 2016 година. Google проценува дека сето тоа би можело да се однесува на прилично голем број на уреди со Android, телефони и таблети, и на нив, наместо интернет страници, би можеле да се појават грешки. Според податоците од септември 2020 година, околу третина Android уреди, се уште користат Android 7.1 или постар. Се очекува таа бројка да се намали до септември следната година, но сепак можеме да кажеме за десетици милиони Android уреди што ќе бидат погодени.

Корисниците што меѓувремено не купуваат нов уред со нова верзија на Android, односно сакаат да продолжат да го користат својот стар уред, може да инсталираат Firefox Mobile интернет прелистувач за смартфони, кои ќе овозможат уште некое време да може мирно да сурфаат на интернет на својот уред.

Ако не сте сигурни која верзија на Android да ја користите на својот уред, наједноставно е сами да го проверите тоа. Зависно од производителот и верзијата на Android, тој податок се наоѓа во Поставки/Settings => За телефонот/About phone.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.