Многу проблеми за Chrome OS - Малку време за Google

Објавено на 29.11.2020 15:19 во Рецензија


Многу проблеми за Chrome OS - Малку време за Google

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Google се соочува со еден од најголемите проблеми досега со функционалноста на декстоп системот Chrome OS кој се користи кај голем број на Chromebook лаптопи и има само три дена рок да ги реши грешките пред да ја лансира стабилната верзија.

Досега голем број на корисници на бета верзијата на Chrome OS 87 пријавија дека системот значително коли додека пишуваат текст во било која апликација што е премногу фрустрирачки. 

За три дена треба да биде лансирана стабилната верзија на Chrome OS 87 па така постои опасност сите овие грешки да се префрлат и за редовната финална верзија со која ќе се соочат сите корисници, а не само тие кои ги активираат бета тест верзиите.

Експертот за премиум софтверски производи, Џим Дантин, кој се смета дека е најодговорен од оние кои пружаат помош за тие коишто пребаруваат низ заедниците за поддршка на Google има неколку решенија за краткорочно исправување на баговите.

Тој напиша дека вообичаена причина зад „бавните“ проблеми, е една или повеќе екстензии кои предизвикуваат проблеми,  премногу отворени табови, ако не сте го исклучиле целосно вашиот Chromebook неодамна, имате мал простор за складирање, или имате инсталирано премногу екстензии.

Според страниците за поддршка на корисниците на Google, засега се препорачува тие кои се дел од бета програмата да направат reset на Chrome OS, да ги избришат или деактивираат сите екстензии кои не ги користат, да го ограничат бројот на отворени табови истовремено, да проверат дали имаат доволно RAM меморија и да направат проверка на интернет конекцијата.

Секако, ова нема да им биде од помош на корисниците доколку баговите со инпутот на виртуелната тастатура и перформансите на Android апликациите се префрлат и во финалната стандардна верзија на Chrome OS 87. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар