iPhone и не бил така отпорен на вода - Нова казна за Apple

Објавено на 30.11.2020 17:50 во Рецензија


iPhone и не бил така отпорен на вода - Нова казна за Apple

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Apple се соочува со нова казна од европско регулаторно тело, овој пат од страна на италијанската организација за заштита на потропу на пазарот AGCM за погрешните тврдења за отпорноста на вода на iPhone смартфоните.

AGCM му изрече казна на Apple од 10 милиони евра за погрешното рекламирање во кое се тврди дека iPhone смартфоните се отпорни на потопување или попрскување со вода.

Станува збор за модели лансирани од 2017 година наваму почнувајќи од iPhone 8 моделите.

Оваа казна освен минималните финансиски импликации за Apple ќе значат и потреба од менување на маркетингот и рекламите за стандардите за водоотпорност.



Во објаснувањето на казната од AGCM го обвинуваат Apple дека и не обезбедува важност на гаранцијата на iPhone смартфоните доколку претрпат штета од навлегување на вода. Тоа значи дека целосниот товар за поправката на уредот би паднале на трошок на самите корисници.

Што всушност значи водоотпорен iPhone?

Едноставниот одговор на ова прашање е дека не постои водоотпорен iPhone без оглед што во дел од рекламите се промовираше IP68 сертификатот.

Случајно или не пред само еден месец на официјалната веб страница на Apple е објавен детален текст кој опишува какви стандарди поседуваат iPhone моделите и со какви ситуации може да се соочат.

Според податоците на Apple сите понови модели од iPhone 7 наваму располагаат со IP68 сертификат, и во зависност од дизајнот на смартфонот може да поднесат потопување во вода до 30 минути на длабочина од еден метар за основните модели до шест метри за поскапите модели.



Сепак, точно е наведено на самиот сајт дека Apple не ја признава гаранцијата доколку дојде до оштетување од навлегување на вода или течност во уредот.

Дали за да се заштити од можни повеќе тужби целата статија е еден вид на правен дисклејмер за одбегнување на одговорност.

Тоа што Apple требало појасно да го претстави пред корисниците е дека отпорноста се однесува на контролирани лабораториски тестови со чиста вода, а не со вода во реални надворешни атмосферски услови.

Овие iPhone смартфони може да издржат и случајно попрскување со различни видови на течности. Тогаш насоките се корисниците прво да ги измијат со обична водат и целосно да го исушат уредот пред да го стават во струја на полнење.

Apple исто така на објавата од пред еден месец потенцира дека корисниците не треба да се бањаат со новиот iPhone смартфон ниту намерно да го потопуваат во вода, да го носат во спа или бања, како и да ја минимизираат изложеноста на уредот на хигиенски средства, парфеми, крема за сончање, препрати за коса и лице и итн.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар