Меги е дигитална асистентка за пациенти и се однесува како медицинска сестра

Објавено на 15.12.2020 09:59 во Рецензија


Меги е дигитална асистентка за пациенти и се однесува како медицинска сестра

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Олеснување на човечката грижа за пациентите;
- Роботите не забораваат и постојано може да се грижат;

 

Negatives:



Целата рецензија

Вештачката интелигенција стана дел од нашите животи, а ние не сме свесни за тоа. Тоа е добра работа, затоа што така ја прифативме без премногу размислување и страв. Всушност, главната задача на вештачката интелигенција е да им го олесни извршувањето на одредени задачи за луѓето.

Компанијата Mindsmiths покажа со својата дигитална асистентка како може вештачката интелигенција да помогне во медицината. Се работи за апликација што работи со вештачка интелигенција и chatbot со цел да се обезбеди грижата за пациентите што болуваат од хипертензија. Меги е развиена во соработка со Клиника Магдалена, а комбинира предности од вештачката интелигенција и знаењето од медицинските експерти. Во текот на последните 12 месеци била интегрирана во реалниот болнички систем и се грижела за над 80 хронично болни пациенти, што имаат проблем со хипертензија, т.е. болест со висок притисок.

Како што истакнува Меги на претставувањето, висок притисок или хипертензија е сериозна болест што погодува 1.13 милијарда луѓе на светов, а само помалку од 20% од заболените од хипертензија успешно го регулираат крвниот притисок. Истражувањата покажуваат дека до 2050 година минимум 40% од ЕУ популацијата ќе имаат една или повеќе хронични болести. 

Што е Меги и како настанала?

Меги е дигитален мозок моделиран на знаењето на експертите, примарно кардиолог со медицински сестри од областа на кардиологијата. За нејзиниот иницијален развој биле потребни 6 месеци пред да биде ставена во директен контакт со пациентите и лекарите. Веќе 12 месеци во секојдневниот контакт е со над 80 пациенти, а со својата работа е најдобар пример за она со што се занимава стартапот, а тоа е демократизација на знаењето.

Концептот на демократизација на знаењето е оној при кој го копираме мозокот на еден експерт, правиме да и помогне на една личност, а во конечноста овозможуваме да помогне и на илјадници луѓе. „Mindsmiths се обидува да креира системи што работат менторство, знаат што ми треба во овој момент, но и она што е за мене долгорочно добро“, вели Мислав Маленица, директорот на Mindsmiths.

Во текот на фазата на истражувањето што траела неколку месеци во Mindsmiths, откриено е дека повеќето пациенти имаат големи предизвици во напредното користење на своите смартфони. Преземањето и инсталацијата на апликации претставувало пречка за повеќето тестирани корисници, кои не можеле да го направат тоа поради непознавање на своето корисничко име и лозинките за пристап кон AppStore или GooglePlay платформите.

Токму затоа е утврдено дека комуникацијата со Меги треба да оди преку текстуален интерфејс преку СМС или апликација за допишување. Меги во својата комуникација го имитира обликот и начинот на конверзација што пациентот ја има со вистинската медицинска сестра или лекарот. Меги се грижи за пациентите, така што проактивно со нив комуницира и со текот на времето на пациентот му станува јасно дека не треба да се грижи и да размислува за тоа кога последен пат му е мерен притисок или кога треба да се направи забелешка за својата моментална состојба, кога треба да се дојде на преглед и дали е потребно да се контактира лекар или не. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.