Samsung Galaxy A41: Релативно мал, но со добри перформанси
Наши забелешки
Positives:
- Недоволно брзо читање на отпечатоци;
- Одлична цена;
Negatives:
- Послаб хардвер;
Samsung Galaxy A41 има атрактивен и компактен дизајн, за да може да ги задоволи корисниците што сакаал мал смартфон и добри перформанси. Не е од најскапите, не е од најевтините модели. Има убав екран, модерен дизајн, тројна задна камера и MediaTek процесор под хауба.
Дисплеј и дизајн
Galaxy A41 е поинаков од својот претходник и има пластично куќиште, кој е дополнително издолжен висински, со цел да го смести 6.1-инчениот екран во сооднос од 20:9. Екранот е еден од неговите најголеми предности, затоа што рамките се модерно тенки, а аглите заоблени. На врвот има мал засек со 25MP селфи камера. Сензорот за отпечатоци на прсти е под дисплејот.
Galaxy A41 има Super AMOLED дисплеј со FHD+ резолуција во формат 20:9. Тоа го прави удобен за користење, а приказот на бои е доволно добар. Црните бои се длабоки, додека контрастот е јасен. Убаво е читлив и под агол, а осветлувањето е доволно силно и за користење под силна сончева светлина. Always ON Display е добра спецификација што ќе ви ја замени LED сијаличката.
Камера
Предната камера на Samsung во споредба со минатата не е различна, истата е со 25MP f/2.2 и Live Focus поддршка за селфи слики со можност за 1080p видео. Таа е пристојна кога има доволно светлост, но не очекувајте чуда. Позади има три објективи од 48MP f/20 главна камера со PDAF автофокусо и поддршка за 1080p видео, 8MP широкоаголна камера и 5MP сензор за длабочина.
Интерфејсот на камерата е типично за 2.1, нуди автоматски Live Focus, панорама и Pro режим за снимање, додека изостанува ноќниот режим. Сликите креирани во текот на денот и ноќта се во ред, зависи од количината на светлост и колку ви се мирни рацете, но генерално ноќните ќе ви се допаднат и повеќе од вообичаено.
Софтвер и интерфејс
Android 10 овде го покрива Samsung One UI 2.1 интерфејсот, кој е достапен и кај предводниците, додека целосно не се имплементира најновиот софтвер Android 11. Екранот кога ви е заклучен телефонот ќе ве изненади со живата позадина, која го покажува точното време, примените известувања и кратенките за камерата и телефонот.
Мултитаскинг приказот е класичен, поддржува и Split Screen
Навигацијата на интерфејсот е по мазна, но не му се непознати ниту изгубените фрејмови во анимациите. Особено е така при враќањето од некои апликации што бараат. Убавиот простран екран обезбедува удобно сурфање на интернет и уживање во мултимедијата. Звучникот е само еден, на дното на уредот, но не е лош воопшто. 3.5мм џек аудио е тука за лесно приклучување на слушалките, а со нив и FM радиото. Имате стандардни Google и Microsoft апликации, кои Samsung ги надополнува со својот пакет, па така некои од нив ќе ви бидат практични: My Files, Game Launcher, Settings, FM Radio и друго.
Хардвер
8 јадрениот 12нм Helio P65 процесор на Mediatek не е којзнае што, но е доволно добар за да може да ја играте играта PUBG. Се разбира, тој е послаба категорија од Snapdragon и Exynos чиповите од истата класа. 4GB RAM меморија би било доволно, исто како и 64GB меморијата што може да се зголеми со microSD картички. Читачот на отпечатоци не функционира многу брзо, што е нормално за телефон од ваква класа, како и Face Unlock.
Батеријата со капацитет од 3800mAh е доволна за да добиете солиден ден за користење со над 7 часа вклучен екран, во зависност од тоа што му правите. Се полни со полнач од 15W, и нема поддршка за безжично полнење.
Оценка
Samsung Galaxy A41 е телефон за просечни корисници, што не бараат совршен смартфон за работа или потешки игри. Сепак има голем и добар дисплеј, пристојна камера и батерија. Цената му се движи околу 15.000 денари.