Каде исчезна кинескиот мултимилијардер Џек Ма!?

Објавено на 09.01.2021 20:10 во Рецензија


Каде исчезна кинескиот мултимилијардер Џек Ма!?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Излегување на берзата потенцијално ќе го зголеми неговото богатство со енормни количини;

 

Negatives:

- Монопол во својата област;



Целата рецензија

Кинескиот мултимилијардер и основач на Alibaba се повлече од челното место на компанијата, спремајќи се за излегување на берзата со својата компанија Ant Group, која е најпозната по дигиталната платформа за плаќање, Alipay. 

Аналитичарите проценија дека неговото богатство ќе порасне за дополнителни 27 милијарди евра, откако ќе излезе на берзата. Меѓутоа, тој го направи она што не смееше - ја критикуваше власта. Поточно, регулаторните тела, за кои велеше дека ги гушат иновациите.

Откако јавно ги упати неговите критики, стопирано е излегувањето на берзата на IPO Ant Group. Сега групацијата е под зајакната истрага на регулаторите, кои од компанијата бараат промена на работната пракса. И тоа не само што богатството на Џек Ма не порасна за 27 милијарди долари, туку изгуби над 10 милијарди долари, оти против Alibaba е покрената истрага поради монопол. 

Џек Ма се уште не излегол јавно да даде изјава за целата ситуација, оти после јавните критики за регулаторните тела, тој исчезна за јавноста и не е познато неговото мислење. Според Bloomberg, после започнувањето на истрагата против Alibaba, Ма е наводно советуван да остане во Кина, но каде моментално се наоѓа и што прави, се уште останува непознато.

Гласините за неговото исчезнување почнаа да кружат уште во текот на ноември, кога не се појави во последната епизода на своето талент шоу “Africa`s Business Heroes”, каде на негово место отишла Луси Пенг од Alibaba. Медиумите тогаш објавија дека не стигнал на снимањето поради збиениот распоред. Неговото име е отстрането од страниците на емисијата, а го немало ниту во промотивното видео емитирано во текот на епизодите, што на многумина им било чудно.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.