Lenovo ThinkReality A3 очилата коренито го менуваат начинот на кој ги користиме компјутерите

Објавено на 26.01.2021 12:12 во Рецензија


Lenovo ThinkReality A3 очилата коренито го менуваат начинот на кој ги користиме компјутерите

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Олеснето деловно комуницирање, без многу напор со приклучоци;

 

Negatives:



Целата рецензија

Инженерите од Lenovo размислиле како може да им помогнат на деловните корисници што често патуваат. Целта им била да се креира виртуелен работен простор, без никакви ограничувања. Поради пандемијата деловните корисници веќе не патуваат, затоа компанијата морала да ги промени целите.

Наместо за патниците, Lenovo се прилагодил со виртуелната канцеларија за луѓето што работат од дома. Наместо луѓето да поврзуваат по 2-3 екрана, за кои веројатно немаат доволно простор дома, Lenovo креирал смарт очила за да може да проектираат содржина во виртуелен простор.

Новите ThinkReality A3 очила располагаат со дизајн како за бубалица, кои виртуелно го проектираат екранот од компјутерот и мобилните уреди. 

Преку користењето на технологијата на проширена реалност, дигиталниот приказ на екранот се прикажува внатре во очилата, кои може да прикажат до 5 прозорци истовремено и на таквите екрани може да преземаат акции како и на компјутерите. 

На пример, ако виртуелно се прикажува некоја таблица во Excel, таа може да се надополнува и уредува на ист начин, како што би се уредувала и на компјутерот, при што е потребно да се има глушец и тастатура.

Очилата имаат микрофон и звучници преку кои се управува со дигиталните асистенти, односно комуницирате со колегите преку камера.

Со цел сликата од екранот да се проектира во виртуелен простор, очилата треба да се поврзаат со компјутер и мобилен телефон преку USB Type C приклучокот.

На почетокот очилата ќе работат само со Windows компјутери и Motorola телефони, но со текот на времето можеби ќе поддржуваат и Apple компјутери и мобилни уреди, како и останатите Android-и.

Ќе биде интересно да се види каква реакција ќе имаат корисниците на очилата и дали може проширената реалност во иднина да го промени начинот на кој ги користиме нашите компјутери. Очилата на Lenovo се очекуваат на пазарот кон средината на 2021 година, но цената се уште останува непозната.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.