Дали луѓето од дома работат - повеќе или помалку?!

Објавено на 27.01.2021 13:07 во Рецензија


Дали луѓето од дома работат - повеќе или помалку?!

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Намалени трошоци за патување;
- Не се губи време на патување;

 

Negatives:

- Бришење на границата и разликите меѓу приватното и деловното;



Целата рецензија

Работат ли луѓето од дома помалку или повеќе отколку во канцеларија? Дел од вработените велат дека работат само 3 до 4 часа дневно. Пандемијата радикално го промени начинот на работа. Наместо од канцеларија се работи од дневната соба или од спалната соба, додека состаноците во живо го заменија Zoom, Microsoft Teams и други алатки за комуникација.

Работата од дома има одредени предности, но и недостатоци. Многу луѓе го ценат тоа што не мора да патуваат на работа и да губат половина час или повеќе на сообраќајните метежи. За дел од вработените сепак ова не е тоа како што треба да биде, затоа што се избриша границата меѓу приватното и деловното.

Понекогаш во текот на работното време се извршуваат и домашни задачи, па не стигнуваат да извршат се како што треба и мора да останат попладне и вечерта на компјутер за да го надополнат изгубеното време.

Искуствата се различни, а анкетите го потврдуваат тоа. Интересно е што 11% од вработените во ИТ компании што учествувале во анкетата, дневно работат од 1 до 2 часа, а дури 31% активно работат од 3 до 4 часа дневно, кои пак остатокот од времето го поминуваат извршувајќи приватни работи. 27% од професионалците во ИТ индустријата според анкетата работат од 5 до 6 часа дневно, а ги има и оние што работат од 7 до 10 часа (такви се 30%).

Лице што работело во Facebook оставило интересен коментар - ако се сметале и состаноците, тогаш таа работела по 9-10 часа дневно, а ако не, тогаш работела помалку од 1 час. Треба да се нагласи дека споменатите цифри претставуваат резултати од анкета, а не за некакво научно истражување. Овие резултати се навистина интересни, оти покажуваат какво влијание имаат работните места врз вработените. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.