Што ќе понуди Nothing новата компанија на Карл Пеи?

Објавено на 27.01.2021 20:27 во Рецензија


Што ќе понуди Nothing новата компанија на Карл Пеи?

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

OnePlus пред неколку како нов атрактивен бренд успеа да привлече огромно внимание во светот на смартфоните поради едноставниот концепт на флегшип убиец кој може да им се спротивстави на големите брендови. Зад OnePlus стоеше Карл Пеи кинески мигрант во Шведска кој одлично ја водеше компанијата, но истата полека го губеше својот препознатлив идентитет.

Како што OnePlus достигна солиден успех така и корпоративната контрола над компанијата се зголеми, ограничувајќи ја визијата на Карл Пеи. Последните модели на OnePlus се многу поскапи од почетокот, и немаат многу карактеристики кои ги разликуваат од етаблираните и далеку помоќни мејнстрим брендови.

Затоа Карл Пеи прво ја напушти OnePlus и контролата ја предаде на BBK Electronics компанија со седиште во Шенжен, Кина.  

Сите овие фактори влијае врз Карл Пеи и формирањето на новата компанија Nothing, која од старт ветува многу иновативен пристап во планираните производи.

Според најавите Nothing ќе се фокусира на развој на сопствена технологија и ќе го напушти концептот на ребрендирање на смартфони кои во голем обем се произведуваат во Кина. Многу кинески компании кои го откупуваат брендовите ги користат само нивните имиња, а всушност сите наредни модели им се "рециклирани" или клонови едни на други со мали нијанси кои ги разликуваат.

Nothing е најавена со слободно може да се каже идеолошка визија за тоа како треба да се постави една технолошка компанија, ако тоа е воопшто возможно во денешната хипер продукција и масовна технологија.

Nothing ветува дека ќе се држи врз повеќе принципи како сопствен развој, доближување на технолошките трендови со корисниците, и сопствен еко систем на производи.

Засега не се открива дали Nothing веднаш ќе лансира смартфони и по која цена и за кои пазари. Тоа што е споделено со јавноста е дека првичниот фокус ќе биде ставен на поедноставни смарт производи, за потоа да очекуваме и интересни смартфони.

Во компанијата веќе инвестираа големи имиња како Стив Хафман директорот на Reddit, Кевин Лин ко-основачот на Twitch, јутјуберот Кејси Нејстат и Тони Фадел креаторот на iPod.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар