Ново време за социјалните мрежи со построги правила и барање одговорност

Објавено на 28.01.2021 12:57 во Рецензија


Ново време за социјалните мрежи со построги правила и барање одговорност

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Европската Унија ќе донесе регулатива со која ќе се донесат построги правила за социјалните мрежи;

 

Negatives:

- Моќноста на социјалните мрежи е енормно голема;
- Одговорноста на социјалните мрежи во моментот не се регулира;



Целата рецензија

Поради упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во американскиот Капитол, сега се најавуваат уште поостри мерки за социјалните мрежи. Моментално се менува глобалната парадигма за сигурност, а дигиталната платформа се става на многу високо место во демократијата.

Twitter трајно го затвори профилот на претходниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој во тоа време се уште беше претседател. Со тоа социјалната мрежа му оневозможи комуникација со речиси 90 милиони следбеници преку мрежата, а причината за тоа е опасноста од понатамошно поттикнување на насилество, откако Трамп повика илјадници од своите приврзаници да тргнат во Капитол, седиштето на највисоката законодавна власт во САД.

Со блокирањето на профилот на Трамп, сопствениците на социјалните мрежи конечно ја признаа својата одговорност во спречувањето на ширењето на незаконски содржини што брзо се шират. Тие веќе не можат да ја кријат својата одговорност кон општеството, тврдејќи дека се обични провајдери на услуги. 

„Фактот што директор на компанија може да исклучи претседател на САД без проверка и процедура е збунувачка. Тоа не е само потврда на моќта на платформите, туку и показател на длабоките слабости на организацијата на нашите општества во дигиталниот простор“, вели Тери Бретон.

Одлуката на Twitter за затварањето на профилот на американскиот претседател е пречекана со поделени реакции кај европските политичари. Германската канцеларка Ангела Меркел е резервирана во поглед на суспензија на профилот на американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter. Нејзиното мислење е дека законодавците треба да одлучуваат за ограничување на слободата на изразување, а не приватните компании.

Францускиот политички врв исто така го осуди протерувањето на Трамп од социјалните мрежи, пренесува АФП. Министерот за економија Бруно Ле Мар вели дека за регулација на дигиталните гиганти не може да биде одговорна самата дигитална олигархија. Од друга страна, левата европска застапничка Аурора Лалук се заблагодарила на Twitter на неговата одлука, „барем еднаш“.

Унгарија порано го критикувала Twitter поради вмешување во официјалните профили, откако го суспендираше профилот на унгарската влада во септември. Во декември Европската комисија најави нацрт правила за технолошките гиганти како што се Google, Facebook, Apple и Amazon. Новите правила би ги обврзале компаниите да работат повеќе на сузбивањето на илегална содржина како што се говорот на омраза и намерни манипулации со интернет платформите.

Посебниот одбор на Европскиот парламент за надворешни работи во сите демократски процеси во Европската унија, вклучувајќи го и дезинформирањето (INGE), расправал за предизвиците со коишто се соочуваат европските демократии и граѓани во контекст на се поголемата изложеност кон дезинформациите и лажните вести.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.