Netflix ќе стопира сам ако заспиете гледајќи серии

Објавено на 29.01.2021 20:00 во Рецензија


Netflix ќе стопира сам ако заспиете гледајќи серии

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Netflix моментално е вистински победник во светот на стримингот, но и воопшто еден од шампионите во тешката економска состојба предизвикана од КОВИД-19 пандемијата. Затоа сервисот постојано се подобрува за да може да ги опслужува над 300 милиони корисници.

Една од најновите функции која ќе биде од голема корист ќе биде автоматски тајмер кој ќе ја стопира апликацијата доколку корисниците заспијат гледајќи маратонски серии.

Не пропуштајте од важните сцени

Многу од корисниците гледаат серии маратонски, особено навечер пред заспијат. Уморни од работниот ден или од секојдневието на сите ни се случило да заспиеме пред екран, без оглед дали е тоа смарт телевизор, лаптоп или смартфон.

Бидејќи апликацијата на Netflix има autoplay и не престанува да работи долго време и корисникот да не е активен, се случува да заспиеме и да ја пропуштиме цела епизода или многу важна сцена од дејствието.

Затоа Netflix воведува нова функција со која ќе може да поставите автоматски тајмер за гасење на апликацијата во случај да заспиете и на тој начин содржината нема да продолжи да тече во позадина додека вие дремете.

Тајмерот може да се поставува на различни временски интервали, на пример ако гледате некоја ситком серија може да поставите временски лимит од 15 минути пред Netflix автоматски да се изгаси или пак ако гледате некоја акција или драма на 30 или 45 минути во зависност од должината на епизодите.

За да ја користите новата функција следете ги следниве упатства:

• Изберете и пуштете ја вашата омилена ТВ-серија или филм на вашиот мобилен уред.
• Во горниот десен агол, претплатниците ќе видат икона за часовник со ознака Тајмер.
• Допрете на Тајмер.
• Изберете 15, 30, 45 минути или „Додека трае серијата“.

Доколку не сте заспале ќе може повторно да го ресетирате тајмерот и да продолжите со гледање на содржината. Предноста на оваа функција е најмногу за корисниците на Netflix на мобилни уреди бидејќи на тој начин се заштедува на интернет сообраќај доколу сте поврзани преку мобилна конекција.

Засега оваа нова тајмер функција за спанковците е во тест фаза за ограничен број на Android корисници, а наскоро се очекува да биде достапна за сите мобилни верзии на апликацијата на Netflix.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар