Samsung Galaxy S21: Професонална 8К камера и многу иновации

Објавено на 26.04.2021 13:15 во Рецензија


Samsung Galaxy S21: Професонална 8К камера и многу иновации

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Одлична тројна задна камера;
+ Добри слики во затворен простор, уште подобри на дневна светлина;
+ Single Take опција за самостојно одбирање на најдобрите слики и видеа;
+ Прилагодлива фреквенција (максимална 120Hz) на екранот за заштеда на батерија;
+ Подобрен USB-C/USB-C влез;
+ Подобрен дизајн со акцент за жени;
+ 8K Snap опција за професионално извлекување на слики од видеа;
+ Напредни перформанси на камерата за видеа и слики;
+ Можност за снимање видеа во 8К резолуција;
+ Подобрен кориснички интерфејс;

 

Negatives:



Целата рецензија

Класичниот предводник на Samsung нуди навистина многу и сигурни сме дека на корисниците добро ќе им послужи. Samsung Galaxy S21 е првата серија што пристигнува без класичен полнач и слушалки во пакувањето. Затоа кутијата е потенка во споредба со претходните: имате уред, документација и еден USB-C/USB-C кабел. Досегашниот стандард беше USB-C/USB кабел, што значи дека сега можете кабелот да го ставите на било кој полнач, USB влез на лаптоп или компјутер или пак USB влез во ѕидот и така да го наполните уредот.

USB-C/USB-C

Ако сакате да го користите кабелот на S21 за префрлање на податоци или да го поврзете со компјутер, водете сметка дека вашиот компјутер мора да има USB-C влез. Доколку не располагате со такво нешто, постојат адаптери што пренесуваат од понов кон постар тип на влез. 

Со оглед на тоа што Samsung ги претстави новите безжични слушалки, нормално дека немате слушалки во комплет. Се разбира, веќе луѓето бараат безжични слушалки, не сакаат вишок материјали со кабел. 

Дизајн

Samsung овој пат ставил акцент на дизајнот пред се да им се допадне на жените. Виолетовата боја особено е вистински погодок во споредба со металот. Од страната имате класични копчиња за управување со гласот и вклучување/исклучување на уредот. S21 нема влез за microSD картичка, единствениот влез е за SIM картичка. Корисниците што имаат потреба од поголем простор од 256GB, секогаш имаат опција за меморирање во облак.

Тон, камера, акција

Задната камера е тројна со LED блиц, а камерите се поставени една под друга во левиот агол на уредот и дополнително истакнато метално куќиште. Токму таквиот дизајн ја прави препознатлива оваа серија и привлекува погледи кога ќе ја насочите камерата и ќе посакате да сликате. Задната камера креира одлични фотографии. Фотографиите на дневна светлина се секогаш подобри, но во затворен простор се исто така квалитетни со јасни црти и чисти бои. Ноќниот режим е многу добар, а нормално, предната камера е послаба од задната секогаш.

Од предната страна има 10MP Dual Pixel AF камера, додека на задната страна имаме 12MP ултраширок сензор, 12MP Dual Pixel AF широкоаголна камера и 64MP телефото камера. Сите три сензори содржат технологија со вештачка интелигенција за прилагодување на условите за снимање, што најдобро се гледа во Single Take опцијата, кога може да снимате одредено време (10-30 секунди) без допирање на копчето. Потоа уредот сам ќе ви ги прикаже најдобрите фотографии и видеа што сте ги снимате во тоа време. Ако сакате да снимате деца како трчаат на снегот или за време на прослава на роденден, оваа опција е одлична за таа намена.

Samsung дополнително внимание посветил на снимањето на видеа а опциите како што се Vlogger View и Director's View се како создадени за оние што сакаат да снимаат видеа и да објавуваат на социјалните мрежи или да влезат во светот на филмовите. Director's View овозможува да го одберете најдобриот агол на снимање и истовремено да ја користите задната камера за снимање на она што се наоѓа пред вас и вашите реакции. За оние што сакаат да направат уште попрофесионални снимки тука е опцијата Pro Video Mode. Видео може да снимате во 8K резолуција, а опцијата 8K Snap овозможува да извлечете јасни и квалитетни фотографии од видеото.

Одличен екран

S21 доаѓа со 6,2 инчен Flat FHD+ Dynamic AMOLED 2X Infinity-O дисплеј, сертифициран со HDR10+ и прилагодливо освежување од 40 до 120Hz. Треба да се нагласи дека фреквенцијата од 120Hz автоматски се исклучува и прави разлика во приказот на сликите на екранот. Имате и дополнителна заштита на видот од екранот - Eye Comfort технологија. Доколку сакате да заштедите батерија, тогаш треба да ја намалите фреквенцијата на екранот на 60Hz. Се зависи дали имате потреба од подолготрајна батерија или поквалитетно видео на екранот.

Опции, опции и уште малку опции

Samsung константно додава нови опции, а корисничкиот интерфејс не е исклучок во тоа. Samsung Galaxy S21 доаѓа со Android 11 оперативен систем и Samsung One UI 3 кориснички интерфејс, со што се поедноставени многу работи. Како за почеток можеби ќе ви послужи пребарувачот за опции додека да се снајдете кое каде ви стои.

Од прединсталираните сервиси тука се сервисите на Google, Samsung апликациите, Microsoft апликациите за работа. Се разбира, тие се од голема корист и може да ни послужат за работа. 

Батерија што траеS21 доаѓа со батерија со капацитет од 4000mAh која може да издржи цел ден со интензивна работа. Се разбира, доколку екранот ви е вклучен на 120Hz, ако гледате видеа или снимате видеа. Просечниот корисник би бил многу задоволен со батеријата. Со нашето тестирање, со активно користење на телефонот 6 часа, батеријата се симна до 20%. 

Заклучок

Пријатно сме изненадени со се што Samsung Galaxy S21 го овозможува. Со неговиот привлечен и елегантно скап дизајн, неприкосновена камера, одличен дисплеј и новите софтверски опции, телефонот би можел да биде првиот избор за многумина. Не е на одмет ниту тоа што е нешто поевтин отколку што мислевме дека ќе биде. Сите оние што бараат добар телефон што ќе се користи за фотографирање и снимање на видеа, но и за работа, ова е дефинитивно добар избор за вас. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.