Што после Amazon? Безос сега може да се посвети на патувања во вселената!?

Објавено на 19.02.2021 17:10 во Рецензија


Што после Amazon? Безос сега може да се посвети на патувања во вселената!?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Голем чекор напред со комерцијализација на вселенските летови;

 

Negatives:



Целата рецензија

Бил Гејтс одлучи да го излекува светот. Неговиот бизнис партнер Пол Ален купуваше спортски клубови, Тед Тарнер едреше, а Доналд Трамп стана политичар. Основачот на Amazon, Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, планира да ја спаси планетата.

Безос (57) е последен во низата на корпоративни моќници, кои се оттргнале од своите секојдневни работи со цел да се посветат на други активности. Безос во вторникот објави дека го напушта местото на извршен директор за малопродажниот гигант, после 27 години служење на истата функција. Според списанието Forbes, Безос вреди вртоглави 197 милијарди долари.

Тој планира да остане извршен претседател на Amazon, но повеќе време ќе им посвети на страстите како што е сопствената вселенска компанија Blue Origin и фондацијата Bezos Earth, во која минатата година донираше 10 милијарди долари. Оттргнувајќи се од секојдневните работни обврски, Безос одлучи да ги следи стапките на останатите бизнисмени што привремено, а некои и трајно, се оддалечија од водењето на работите што ги збогатиле.

Гејтс (65) и Ален, кој во 2018 година почина од последици на рак на 65 годишна возраст, го основаа Microsoft во 1975 година, и го претворија во водечка светска компанија за компјутерски софтвер. 

Гејтс во 2000 година го напушти местото на извршен директор и со сопругата ја основаше Фондацијата Bill & Melinda Gates, посветена на грижата за глобалното здравје. Гејтс е четвртиот најбогат човек на светот според Forbes. Тој си даде оставка од функцијата претседател на Microsoft во 2014 година, а управниот одбор го напушти во март, минатата година.

Ален, чие богатство го процени Forbes на 20 милијарди долари, си замина од Microsoft во 1983 година, кога прв пат се соочи со рак, но во управниот одбор остана до 2000 година. Откако ја напушти компанијата, Ален стана сопственик на спортски тимови: го купи кошаркарскиот клуб Portland Trail Blazers и американскиот фудбал Seattle Seahawks. Освен тоа, бил и активен филантроп, донирал милијарди долари за медицински истражувања.

Поглед во вселената

Тарнер (82) ја прогласи компанијата на татко му во бизнис вреден над милијарда долари, покренувајќи го Cable News Network (CNN) и така почна да купува клубови: бејзбол клубот Atlanta Braves и кошаркарскиот клуб Atlanta Hawks. Едрењето му била најголема страст. Со скипер едрилиците Courageous ја освои најпрестижната светска награда America's Cup во 1977.

Многу милијардери поради политика ја оставија работата, како што се Доналд Трамп и Мајкл Блумберг. Трамп (74) победи на претседателските избори во 2016 година, додека Bloomberg, основачот на компанијата за пружање на финансиски информации, три пати биран за њујоршкиот градоначалник и неуспешно се кандидирал за демократска номинација минатата година.

Безос во 2000 година ја основал својата вселенска компанија Blue Origin, кој не е единствениот бизнисмен што ги проширил своите видици надвор од Земјината орбита. 

Ричард Бренсон (70), основачот на Virgin Group, исто така поседува компанија за вселенски летови - Virgin Galactic и сака вселенскиот туризам да го направи ценовно прифатлив. Меѓутоа, кога станува збор за вселената, Безос и Бренсон гледаат во грбот на вториот најбогат човек на светот, Илон Маск, јужноафрикански-американскиот милијардер.

Маск го стекна првото големо богатство со продажбата на Pay Pal и eBay во 2002 година.

Потоа што ја основал компанијата за производство на електрични автомобили Tesla и соларната електрана SolarCity.

Во 2002 година ја покренал компанијата SpaceX, која станала најголема светска приватна ракетна компанија.

Тој сега испраќа комерцијални сателити во вселената и испорачува товар за Меѓународната вселенска станица. Во 2020 година стана и првата приватна компанија што лансираше луѓе во вселената.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.