Смартчасовниците стануваат како лекари - мерат притисок и работа на срцето

Објавено на 23.02.2021 10:57 во Рецензија


Смартчасовниците стануваат како лекари - мерат притисок и работа на срцето

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.9


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Следење на здравјето од било каде и било кога;
+ Извршување на повици, пораки и примање известувања од апликациите;
+ Следење на отчукувањата на срцето и мерење на крвен притисок;

 

Negatives:



Целата рецензија

Смартчасовниците од серија до серија добиваат се повеќе опции. Освен тоа што покажуваат часовник и временска прогноза, тука се и примањето повици, пораки, известувања од апликациите, а некои дури мерат и притисок, температура и број на отчукувања на срцето.

Така Samsung најави дека апликацијата Samsung Health Monitor за следење на здравјето и одржување на лична кондиција ќе биде достапна во 31 земја. Со тоа корисниците Galaxy Watch3 и Galaxy Watch Active2 смартчасовниците ќе може да искористат опции за следење на крвниот притисок и електрокардиограм преку наведените апликации.

Samsung Health Monitor апликацијата доби и CE-сертификат во 2020 година, што овозможи ширење на услугите во 28 европски земји. Што значи CE-сертификатот? Тој претставува административна потврда дека производот е усогласен со барањата на Европската унија за безбедност, здравје и околината. Освен во земјите на ЕУ, апликацијата исто така ќе биде достапна во Чиле, Индонезија и ОАЕ.

„Од почнувањето во Кореја минатата година, речиси 1 милион луѓе ја употребувале апликацијата Samsung Health Monitor со цел да го следат своето здравје. Најновото проширување претставува голем пресврт во нашата мисија за зачувување на здравјето со дигиталните алатки“, изјави ТаеЏонг Џеј Јанг, потпретседател и лидер на Одделот за развој на решенија и здравствена поддршка во Samsung Electronics.

Високиот крвен притисок обично го поврзуваме со болести на мозокот, бубрегот и срцето и ако не се лекува, може да доведе до мозочен удар и коронарни болести на срцето. Galaxy смартчасовниците се способни да го измерат крвниот притисок преку апликацијата Samsung Health Monitor што на корисниците им овозможува подлабоки информации за нивното лично здравје и кондицијата со цел да им донесе поздрави животни навики.

Откако Galaxy Watch3 или Galaxy Watch Active2 ќе се калибрираат со мерач на притисок, корисниците едноставно ќе може да се допрат и да го измерат крвниот притисок било каде и било кога. Уредот го мери крвниот притисок со анализа на пулсот со помош на сензор за неговиот надзор. Дури после, апликацијата го анализира односот меѓу вредностите на калибрација и промена на крвниот притисок, со цел да се одреди точниот крвен притисок.

Се проценува дека околу 33,5 милиони луѓе на светот се зафатени со атријална фибрилација, што означува зачестен облик на абнормалниот ритам на срцето. Атријалната фибрилација е често причина за срцеви компликации, вклучувајќи го и згрутчувањето на крвта, застој на срцето и мозочен удар.

Функцијата на електрокардиограмот делува анализирајќи ја електричната активност на срцето преку сензор на Galaxy Watch3 или Galaxy Watch Active2 смартчасовниите. Се што е потребно е да ја отворите апликацијата Samsung Health Monitor кога корисникот ќе седне и ќе се осигура дека часовникот е цврсто поставен на рачниот зглоб. Потоа корисникот треба да го потпре лактот на рамна површина и полека да го позиционира врвот на прстот спротивно на раката на горното копче на смартчасовникот во период од 30 секунди. Потоа апликацијата ќе го измери пулсот и ритамот, кои ќе бидат класифицирани и како синусен ритам (нормално или редовно отчукување на срцето) или атријалната фибрилација (кога срцето чука неправилно).

Апликацијата Samsung Health Monitor автоматски се инсталира кога корисниците го ажурираат својот Galaxy смартчасовник со најновата верзија на оперативен систем преку апликацијата Galaxy Wearable. Тогаш ќе се отвори линк што корисниците ќе ги насочи кон страницата за преземање на апликации за смартфон во апликацијата Galaxy Store.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.