Се спрема голем удар за Apple со што ќе се уништи iPhone-от што го знаеме

Објавено на 24.02.2021 11:13 во Рецензија


Се спрема голем удар за Apple со што ќе се уништи iPhone-от што го знаеме

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Apple ја заштитува безбедноста на корисниците, кои им се на прво место;
+ Девелоперите сакаат неограничен пристап;

 

Negatives:

- App Store и Google Play Store земаат провизија од девелоперите;



Целата рецензија

Со претставувањето на мобилната продавница за апликации, App Store, Apple отвори потполно нов пазар, со којшто им овозможи на девелоперите на едноставен начин да ги дистрибуираат апликациите за нивните телефони. Сличен пристап имаше и Google со својот нов Android, кој им го отвори Play Store на девелоперите, кои заработија десетици милиони долари. Се разбира, Apple и Google земаат провизија од продажба.

Разликата меѓу пристапот на Apple и Google е тоа што Google, им дозволува на сопствениците на Android да користат и други продавници за апликации и преземање на оние апликации што не се на Google Play. Од друга страна, Apple дозволува дистрибуција на апликации исклучиво преку нивната платформа App Store, при што за секоја трансакција треба да се плати дел на компанијата на Тим Кук.

Девелоперите даваат голем отпор на таквиот начин на дистрибуција, а Epic Games дури и го тужеше Apple (и Google) за монопол, затоа што го отстрани Fortnite од App Store. Политиката на App Store е долго време под лупата на регулаторните тела, а една американска сојузна држава ќе се обиде да стави и крај на монополот на Apple со тоа што претстави закон што целосно ќе го промени начинот на работење со продавниците за апликации. Со предлог законот, девелоперите нема да бидат ограничени само на продавниците за апликации со коишто управува Apple и на нивните внатрешни системи за наплата на апликациите, туку своите апликации ќе може да ги понудат и преку алтернативни продавници. Со новиот закон ќе се забранат и одмаздите кон девелоперите што ќе се одлучат на користење на такви алтернативни продавници за апликации.

Девелоперите бараат фер дигитален пазар

Во случајот на Fortnite, тоа би значело дека играта ќе може да се преземе и од други продавници за апликации, а не само од App Store и дека плаќањата во играта не мора да се одвиваат преку системот за плаќање на Apple којшто бара провизија, туку преку системот за плаќање на Epic, со што нема да одат сите пари во еден џеб и ќе може да се понуди поевтина услуга.

Сенаторот Кајл Дејвисон го претстави законот, којшто тврди дека со негова примена ќе се ограничи ефектот од раст на цените и ограничување на изборот за девелоперите. Не е тешко да се претпостави дека во Apple не се воодушевени со тој предлог закон. Првиот човек за приватност на Apple, Ерик Нојеншвандер, коментирал пред сенатскиот одбор на Северна Дакота дека таков закон се заканува за уништувањето на iPhone каков што го познаваме и дека ќе влијае врз намалувањето на приватноста и безбедноста, како и на перформансите на смартфоните на Apple. Целта на Apple со досегашната политика е да ги задржи лошите и опасните апликации надвор од App Store.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.