LG го отвори WebOS за светот и го раздрма ТВ бизнисот

Објавено на 24.02.2021 19:19 во Рецензија


LG го отвори WebOS за светот и го раздрма ТВ бизнисот

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Корејската компанија LG одлучи целосно да ја отвори сопствената платформа со софтверот WebOS за остатокот од светот. Според првичните најави на LG веќе 20 брендови склучиле договори со нив за да го користат WebOS како нивен оперативен систем.

Ваквиот потег на LG го размрда бизнисот со смарт телевизори, а особено причини за грижа може да има Google кој се труди да го наметне Android TV како бесплатен и отворен софтвер за секој заинтересиран бренд. 

Ако Google доминира на светско ниво со најмногу смартфони кои работат на Android оперативен систем, во категоријата на смарт телевизори има далеку послаба позиција.

Според статистиките по број на уреди нсјприсутен е Samsung со нивната уникатна Tizen OS софтверска платформа, а зад нив е секако LG со нивните смарт телевизори кои го користат WebOS. 

Google успеа да постигне напредок со лансирање на претежно поевтини смарт телевизори со Android TV оперативен систем од брендови како ST, Xiaomi и други производители од Кина.

Исчекорот на LG со снабдување на отворената верзија за смарт телевизори на надворешни брендови ќе се базира на корисничкиот интерфејс со кој располага WebOS 5.0 надградбата. 

Во скоро време ќе може да очекуваме многу повеќе смарт телевизори во сите категории иако тие претежно ќе бидат во поевтината понуда но, ќе имаат компетитвност поради ефикасноста на WebOS платформата.

Ќе биде интересно да се следи и американскиот пазар каде достапни се и смарт телевизиски сетови со Apple TV и Amazon TV, како и понудата на Roku TV.

Во секој случај конкуренцијата ќе се заострува, па затоа се очекуваат подобро услуги за корисниците и почести софтверски надградби и закрпи на пропусти или грешки со багови во системот. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар