Најмладата милијардерка што сама ги заработила своите пари

Објавено на 14.04.2021 21:23 во Рецензија


Најмладата милијардерка што сама ги заработила своите пари

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Единствената миијардерка со пари без наследство;

 

Negatives:



Целата рецензија

Forbes неодамна го објави годишниот список на милијрадери на кој се наоѓаат над 2770 лица, од кои речиси 500 влегле за прв пат во ексклузивниот клуб. Веројатно најинтересна личност на списокот на нови милијардери е Витни Фолф Херд, чие богатство се зголемило откако на почетокот на годината ја основала компанијата Bumble, и излегла на берзата. Медиумите нагласуваат дека таа е најмладата жена што сама заработила милијарда долари, пари што не ги добила од наследство или од развод.

Приказната на Витни Волф е необична и вклучува тужби сексуално злоставување и тужби од времето додека работеше во Tinder. Токму тоа негативно искуство и помогнало да ја основа сопствената апликација за запознавање, Bumble. За разлика од повеќето деловни луѓе и нејзините колешки и колеги на раководни места, кои живеат за компанијата по 24 часа секој ден, таа многу го цени своето приватно време и време за фамилијата, како што и самата го нагласува во интервју. 

И пред основањето на Bumble, Волф Херд имала големо искуство со апликации за запознавање, затоа што била дел од екипата што го основала Tinder. Компанијата ја напуштила поради несогласување со останатите директори на компанијата (со едниот била во врска) и подигнала тужба против сексуално вознемирување. Компанијата која што управува со Tinder, Match Group, ги демантирала нејзините обвинувања, но сепак и платиле околу милион долари за спогодба. Тогаш била на мета на онлајн злоставувачите, поради кои морала да го згасне и својот профил на Twitter.

Злоставувањето го почувствувала на своја кожа и како тинејџерка, па така одлучила да ја сврти апликацијата на начин што жените ќе имаат целосна контрола на Bumble. На оваа апликација само жените може да почнат разговор со други лица.

Компанијата ја започнала со помош на рускиот инвеститор Андреј Андреев, кој претходно ја основал мрежата Badoo, но пред две години го продал својот дел во двете компании. Уделот на Витни Волф Херд во Bumble изнесува 11,6%, а после излегувањето на компанијата на берзата, нејзиното богатство се проценува на околу 1,3 милијарди долари. Таа има и удел во Badoo, а тие две апликации заедно имаат околу 40 милиони корисници, од кои 2,5 милиони плаќаат претплата.

Таа е една од 328 жени што се наоѓаат на милијардерскиот список на Forbes, што е зголемување во споредба со минатата година кога биле 241 на списокот. Три најбогати жени на светот се Франсоа Бетенкур Мејерс, чиј дедо го основал L`Oreal, Алис Волтон, единствената наследничка на основачот на Walmart и поранешната жена на Џеф Безос, МекКензи Скот. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.