Што вели науката, треба ли да носиме заштитни маски на отворено?

Објавено на 21.04.2021 08:00 во Рецензија


Што вели науката, треба ли да носиме заштитни маски на отворено?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Мали шанси за зараза од коронавирус на отворено;
- Нема потреба од носење заштитна маска на отворено, само доколку не сте во блиско опкружување со луѓе;

 

Negatives:

- Иако се мали шансите за зарза на отворено, сепак ги има;



Целата рецензија

Сите луѓе се шетаат, возат велосипед или седат во паркот со маски на лицето, дури и кога се оддалечени од останатите. Што вели науката за тоа, дали тоа е неопходно или луѓето се повеќе внимателни одошто е потребно?

Научниците многу научија за COVID-19 откако почна пандемијата со коронавирусот. Денес се знае дека површините не се толку важен фактор во ширењето на болестите и дека претераното дезинфицирање е непотребно губење време и трошење ресурси. Второ, врвните експерти се уверени дека вирусот примарно шири аеросоли, кои претставуваат ситни честички што одредено време остануваат во воздухот, спротивно од капките што произлегуваат од нашето кивање и брзо паѓаат на земјата.

„Тоа значи дека престојот надвор е многу повеќе безбеден одошто на затворен простор“, вели Хозе Луис Хименез, експерт за аеросоли во Универзитетот Колорадо.

Во затворени простори е поопасно да престојувате, оти ѕидовите, таванот и подот го заробуваат воздухот, особено ако вентилацијата е слаба, објаснува Хименез. Маските затоа се неопходни во затворени простори. Надвор ситуацијата е сосема друга, ризикот е низок, оти има многу струење во воздухот и издишениот воздух брзо се вдишува, особено кога е потопло. 

Аеросолистот предупредува дека нискиот ризик не значи дека воопшто го нема. Исто како што можете да вдишете чад кога сте близу до пушач, така постои можност и дека може да вдишете вирус ако сте предолго време близу до неговиот носител.

Какви се шансите за зараза?

Има неколку истражувања со обиди за квантифицирање на ризикот од ширење на COVID-19 на отворено. Кинески научници во минатиот септември објавиле анализа со 7324 случаи во списанието Indoor Air, во кои се знаело каде се заразиле пациентите. Имале податок за само едно документарно ширење на отворено, во село и покраината Хенан, каде 27-годишник собрал вирус во разговор со носачот.

Irish Times неодамна објави информации од ирската влада за 232.164 случаи на зарази во земјата до 14 март, во склоп на кои се пријавени само 262 трансмисии на отворено или 0,1% од вкупната бројка. Возможно е дури и таа проценка да е превисока, затоа што владината агенција што ги собирала податоците се потпирала и врз неверификувани активности на отворено како што е спортот.

Доналд Милтон, професор на Универзитетот Мерилен, и еден од пионерите за науката за аеросолите, ги советува луѓето на отворено да избегнуваат гужви, особено ако во активноста е вклучено викање и ако нема струење на воздухот. Но, тој не мисли дека треба да носиме маска цело време. „Ако џогирам и околу мене нема никој на неколку метри, не носам маска. Но, ако станам да поразговарам со некого, ја ставам маската“, вели Милтон.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.