Дали се сруши митот за совршеноста на Apple App Store?

Објавено на 29.04.2021 22:55 во Рецензија


Дали се сруши митот за совршеноста на Apple App Store?

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Apple како еден од главните аргументи против Google за употребата на оперативниот систем iOs во однос на Android често вели дека предноста е во затворениот и контролиран еко систем. Барем во теорија базата на Apple треба да биде побезбедна бидејќи девелоперите работат според прецизни и строги правила и насоки за нивниот софтвер да стане дел од App Store.

Сепак, полека митот за совршеноста на App Store ја рушат поранешни вработени на Apple кои откриваат низа слабости на маркетот на апликации и игри, односно дека компанијата одамна ја изгубила целосната контрола.

Отворање на очите

Во суштина Play Store на Google и App Store на Apple се доста безбедни и немаат проблеми со скриен малвер во нивните апликации. Секогаш кога ќе се открие дека некој девелопер направил злоупотреба на платформата веднаш следува негово отстранување од маркетите на апликации.

Меѓутоа ниту App Store не е имун на пласирање на апликации кои вршат измами на нивните корисници и покрај сите воспоставени протоколи успеваат да „вметнат“ штетни апликации. Дека состојбата не е за потценување се погласни се поранешни вработени на Apple.

Меѓу нив е и Мајкл Гартенберг поранешен директор на маркетинг на производи кој смета дека еко-системот кој често е претерано фален за совршен, веќе се урива според неговото „скромно мислење“.

Дали Apple ја „утна“ што се судри со Epic Games?

Освен протнување на малвер апликации исто така голем проблем кој се почесто се јавува и кај Apple App Store се и апликации кои наплаќаат огромни суми за претплата, а не ги доставуваат ветените решенија или услуги за корисниците, а има и такви кои наплаќаат за услуги кои инаку може да се најдат бесплатно на други апликации.

Неодамна се искова и нов термин „fleeceware“ за апликации кои се дизајнирани за да ги измамат корисниците и да им извлечат што е можно повеќе пари. Според последните истражувања, овој проблем е многу поголем кај App Store, отколку кај Play Store на Google.

На виделина излезе и сведочењето на Ерик Фридман, раководител на единицата за измама за алгоритми и ризик (FEAR) на компанијата. Наводно тој рекол дека системот на Apple за справување со штетен софтвер е како да понесете пластичен пиштол во престрелка.

Изјавите ги споделија правните тимови на Epic Games студиото и издавачат на видео игри како Fortnite кои влегоа во тежок судски процес, откако Apple ја забрани видео играта на нивната платформа. Причина за кавгата е што Epic Games ги повика гејмерите да не плаќаат директни трансакции преку App Store за козметички додатоци бидејќи Apple им зема огромна провизија и тоа да го прават директно преку веб сајтот на Epic Store.

Оштетени корисници за стотици милиони долари

Во посебен извештај, компанијата за интернет-безбедност Avast откри дека има скоро двојно поголема количина на fleeceware во App Store во споредба со Play Store на Google кој собира 10 пати повеќе приход од корисниците.

„Вкупно, тимот најде 134 апликации за софтверски апликации на App Store кои се преземени комбинирано 500 милиони пати. Проценките на Sensor Tower покажуваат дека апликациите заработиле 365 милиони долари приход. Истите податоци покажуваат дека 70 апликации за апликации на Google Play Store донеле приход од 38,5 милиони долари“, се вели во извештајот на Avast.

Одбраната на Apple се обидува да ја намали јачината на скандалите и вели дека вложиле стотина милиони долари во напорите за откривање на штетен софтвер, но од компанијата се очекува посериозен третман на проблемите со безбедноста и заштита на корисниците од измами во App Store.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар