Масовни бонуси за шефовите и покрај дебаклот со лансирањето на Cyberpunk 2077

Објавено на 30.04.2021 20:56 во Рецензија


Масовни бонуси за шефовите и покрај дебаклот со лансирањето на Cyberpunk 2077

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Полското студио за видео игри CD Project Red ја забележа најуспешната година во своето постоење благодарение на приходите кои ги оствари од продажбата на долго очекуваната нео-ноар игра Cyberpunk 2077. Зголемените приходи ќе значат и високи профити за тесното раководство на компанијата. Односно 5 директори помеѓу себе ќе си поделат вкупно 28 долари.

Корпоративната реалност на креативната индустрија

Гејминг индустријата се повеќе функционира на корпоративна основа. Да се разбереме студијата за врвни видео игри не може да се споредат ни одблиску со корпорациите од финансискиот или фармацевтскиот сектор кога се во прашање принципите, но тоа не значи дека огромните профити нема да се поделат.

Дел од гејминг заедницата смета дека CD Project Red ја изгуби кредибилноста поради промашениот пласман на Cyberpunk 2077.

Играта беше преполна со багови и грешки, па дури и такви кои целосно го кочеа гејмерското искуство, односно не можеше во целост да се ужива во импозантниот свет на Night City.

Во секој случај играта беше комерцијален хит бидејќи со години гејмерската заедница ја чекаше со душа, внимателно следејќи ги сите трејлери и демоа. Грешките и баговите полека се надминуваат, но горчливиот вкус дека фановите не го добија тоа на што се надеваа остана.

Според новиот систем на заработка CD Project Red 20% од профитот ќе се распредели помеѓу раководството на компанијата и вработените. 10% од оваа сума оди во рацете на менаџментот, додека пак 10% се делат на сите вработени во зависност од нивниот придонес, позиција и ангажман.

Затоа петте членови на бордот на директори на CD Project ќе си го поделат најголемиот дел од колачот. Двајцата извршни директори Адам Кичински и Марчин Ивински ќе добијат секој по 6,3 милиони американски долари, додека пак Адам Бабовски директорот на Cyberpunk 2077 ќе добие бонус вреден 4,2 милиони долари.

Директорите велат дека напорно работеле за компанијата да ги заработи овие пари и дека кога ќе зголемени приходите, нормално е да се доделат и бонуси кои стојат во нивните договори. Инаку компанијата 2020 година ја заврши со неверојатни приходи од над половина милијарда долари, а 90% од нив се должат токму на продажбата на Cyberpunk 2077.

Колку ќе добијат исфорсираните девелопери?

За компанијата да стигне до овој степен го форсираше лансирањето на Cyberpunk 2077 иако играта не беше целосно подготвена, што всушност и се покажа како вистина.

Девелоперите иако барале повеќе време, за да работат прекувремено и практично без престан им беше воведен систем на поени за поминатите саати на работа и завршените задачи. Како што наведовме 10% од вкупниот профит ќе биде поделен токму помеѓу нив.

CD Project Red има околу 900 вработени, па така секој од нив ќе добие бонус кој ќе изнесува од 6 до 20.000 илјади долари секако во зависност од приложените резултати за 2020 година и искуството.

Дали гејминг заедницата ќе даде втора шанса?

Cyberpunk 2077 ако се тргнат настрана сите проблеми располага со фантастична приказна, одлични елементи во жанрот и третман на интересни прашања кои сигурно ќе ја разбудат имагинацијата на многумина гејмери.

Во таа смисла секоја чест за трудот и креативноста на CD Project Red за сработеното, но компанијата вети дека ќе ги смени маркетинг политиката поучени од проблематичниот пласман на Cyberpunk 2077 кој не смее да се повтори, бидејќи фановите не простуваат така лесно и не даваат многу втори шанси.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар