Fortnite против Apple: Во САД почнува судењето на векот

Објавено на 06.05.2021 13:01 во Рецензија


Fortnite против Apple: Во САД почнува судењето на векот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Разрешување на ситуацијата на монополот со Apple;

 

Negatives:

- Целта на Epic Games да оствари профит на грбот на App Store;



Целата рецензија

На федералниот суд во Оукленд започна долгоочекуваниот судски процес на Epic Games, компанијата што стои зад Fortnite, против Apple. Некои медиуми сметаат дека ова е големо судење, до тој степен што го нарекуваат „судење на векот“, додека повеќето од нив истакнуваат дека неговите последици навистина би можеле да бидат далекусежни и целосно да го променат начинот на кој работи продавницата за апликации на Apple.

За сите корисници на Apple уреди е добро познато дека апликациите за iPhone и iPad може да се преземат единствено и исклучиво преку App Store, а за секоја трансакција Apple зема своја провизија. Тоа се однесува на апликациите и сите други трансакции внатре во тие апликации и игри и јасно е дека компаниите и девелоперите со таква пракса не се задоволни, но сепак никој не се осмели јавно да го критикува Apple. Fortnite од средината на 2020 година беше исфрлен од App Store, исто како што беше исфрлен и од Play Store.

И покрај фактот што со тоа се прекршуваат правилата за користење на Apple и Google продавниците за апликации, Epic Games го имплементираше својот систем за наплата во верзијата на Fortnite за мобилни уреди. Fortnite очекувано добил црвен картон за користење на овие мобилни платформи откако одлучи да побара помош на суд. Epic Games поднесе тужби проти Apple и Google, при што ова судење би можело целосно да го промени начинот на работење со мобилните компании.

Како сведоци на судењето се повикани најмоќните луѓе на Apple, вклучувајќи го и Тим Кук, додека двете компании во судницата ќе ги доведат своите економски експерти кои ќе се обидат да ја објаснат ситуацијата за да ја прикажат во своја корист.

Epic Games ќе се обиде да докаже дека iPhone станал целосно интегриран дел од денешното општество и дека уредите на Apple и целиот екосистем што вклучува и продавница за апликации станал монопол што ги искористува компаниите за остварување на големи профити и ограничување на конкуренцијата. Се смета дека аргументот на Apple е безбедноста, со која што често се служат за да објаснат зошто имаат целосна контрола над App Store. Тоа е само оправдување за вистинската мотивација, која за одржувањето на монопол и извлекување на профитот од девелоперите не дозволуваат нивните апликации да не бидат присутни на iPhone.

Екипата од Apple ќе се обиде да ги сузбие тие обвинувања, повикувајќи се на голема конкуренција, односно на над 2 милијарди уреди што работат на Android и не се на нивниот софтвер. Уште едно нешто што компанијата ќе го искористи како свој адут, е што досега во својот екосистем вложиле над 100 милијарди долари, а Epic Games сега тоа сака бесплатно да го искористи за зголемување на сопствените приходи. Цифрата што Apple ја заработува од App Store никогаш не е јавно објавена, а се негираат цифрите од медиумите дека се работи за 15 - 18 милијарди долари годишно.

Претходно Apple се најде и на удар на европските регулатори после приговорите на Spotify и тоа поради сличен проблем, односно фактот што мора да го искористат платниот систем на Apple за купување внатре во самите апликации.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.