Придобивките на 5G мрежата во сите области на живеењето

Објавено на 20.05.2021 13:32 во Рецензија


Придобивките на 5G мрежата во сите области на живеењето

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Зголемен капацитет за опслужување на пациентите со намалување на трошоците на луѓето и зголемување на брзината во работата;
- Напредок во телемедицината со воведување на роботи во тешки и комплицирани операции;

 

Negatives:



Целата рецензија

5G е новата генерација на мобилна мрежа што поттикнува иновации и ќе го трансформира начинот на кој што живееме и работиме. Таа е технологијата на иднината за следните децении и ќе донесе револуционерни промени во сите стопански гранки. Петтата генерација на интернет мрежа стана клучна за сите индустрии во иднина.

Денес 5G технологијата е од голема важност за стопанскиот и општествениот развој. 1G веќе го заборавивме, но кога 2G донесе пренос на говор, 3G за прв пат донесе пренос на пакети во некакви мали ограничувања на брзините, потоа пристигна 4G што ни донесе широкопојасен пристап кон интернет преку мобилните уреди и потоа пристигна 5G. Секоја нова генерација ни донесува и поголема брзина и пристап. Тоа што можеме да го очекуваме е постигнување на брзина и до 1 Гигабит во секунда, доколку сте релативно близу до базната станица.

Штом се зборува за големи брзини, всушност се работи за голем капацитет. Поголем капацитет значи и дека многу повеќе корисници добиваат добри брзини во споредба со оние што ги овозможија претходните генерации на мрежи. Втората голема карактеристика на новата G мрежа е ниска латентност, што значи брз одзив, што поранешните мрежи го немаа.

Ако имаме робот што му треба голема брзина за да се придвижи од точка A до точка Б на производна лента, тогаш практично му треба одзив за 1 милисекунда. Уште една карактеристика на 5G мрежата е спојувањето на големи количини на уреди на мрежата. 

Замислете да гледате натпревар на стадион, ќе ви биде проблем да испратите видео кога има многу корисници на едно место. Прво, капацитетот на самиот стадион ќе се зголеми, што значи корисникот ќе може да снима и да испрати видео и тој ќе може дури и сопствена содржина да става на мрежата. 

Проширената и виртуелната реалност се важен дел од новата генерација особено во индустријата со видео игри, каде е важен нискиот одзив на мрежата. Некои држави заминаа предалеку со 5G мрежата, како на пример Кореја, каде светските предводници во оваа област имаат целосна покриеност на земјата со 5G сигнал. 

Телемедицината е областа каде што 5G мрежата може брзо да пренесува податоци за пациентите како што се притисок и отчукувања на срцето. Со новата генерација се очекува и подобрување во здравството, каде буџетот би пораснал за 10%, а трошоците на пациентите ќе паднат за 28%.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.