Android O: Откриваме 10 нови функции

Објавено на 30.05.2017 во Рецензија


Android O: Откриваме 10 нови функции

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Значителни софтверски подобрувања;
- Слика во слика;
- Android TV “launcher”;

 

Negatives:



Целата рецензија

Google го претстави Android O на својата I/O годишна конференција за девелопери. Новиот мобилен оперативен систем ќе биде официјално лансиран оваа есен, кој содржи многу корисни функционалности и алатки, од кои ви ги претставуваме најдобрите 10. 

Подобрување на емотиконите

Возбудлива е новата функција за автоматско пополнување на празните полиња за емотиконите што можеби ги нема на вашата тастатура. Android O ќе се потруди со новитетите да им овозможи на девелоперите да ги интегрираат новите емоџи библиотеки, кои автоматски ги пополнуваат празните полиња, кои можеби ги нема на вашата тастатура.

Смарт споделување

Android O ќе разбира што има на вашите фотографии, па затоа ќе може да препорачува посебни апликации за споделување во зависност од вашето претходно однесување.

„Ако корисникот ја фотографира сметката, Android O ќе препорача апликација за следење на трошоците, а ако станува збор за селфи, софтверот автоматски ќе препорача некоја од апликациите на социјалните мрежи“, соопштуваат од Google.

Се работи и за снимките, URL, текст и други содржини. Телефонот ќе може да учи од тоа што вие го правите со различни содржини и на тој начин ќе ги подобри своите предвидувања за препорака на апликации.

Поедноставни иконки

Android девелоперите ќе може да креираат иконки што ќе се вклопуваат со стиловите на различните мобилни уреди. Тоа значи дека ако вашиот телефон вообичаено користи кружни иконки, апликациите што нудат нов дизајн од истите во коцкаст облик, ќе може да ги понуди во обликот што е веќе подесен на вашиот смартфон.

Нечујни известувања

Android O прилично се посветил и го подобрил системот за известувања. Една од најполезните опции е можноста за беззвучни известувања и за одложување на разгледувањето за подоцна.

Беџ на иконките

Една од најголемите промени кај известувањата е додавањето на „беџ известувања“ на иконките. Имено, малите точки ќе се појавуваат над иконките за апликациите ако корисникот има непроверено известување. Како додаток, корисникот ќе може да го задржи прстот подолго врз иконката, со цел да може да го отвори непрочитаното известување.

Позадински бои за известувања

Девелоперите ќе може да ги менуваат боите на позадината во апликациите. Google ги советува девелоперите да ја користат оваа можност само кога станува збор за известувања што корисникот мора веднаш да ги провери, како што се повиците или навигацијата.

Канали на известувањата

Android O ќе им понуди поголема контрола на корисниците да одбираат што прво сакаат да гледаат. Оваа функционалност ќе ја овозможи опцијата под името “Notification channels”, со која корисниците ќе одбираат кои видови на известувања сакаат да им се прикажуваат од сите апликации.

Нов Android TV “launcher”

Android TV добива нови функционалности благодарение на Google Assistant, а апликацијата добива и редизајнирано мени, кое ќе се фокусира на истражувањето на нови содржини.

Нови стилови за анимации

Android O додава поддршка за нови стилови на анимации. кои се нарекуваат “physics-based”. Тие се потпираат на законите на физиката со цел да го прикажат високото ниво на реализам во анимациите.

Слика-во-слика

Новиот Android оперативен систем добива поддршка за емитување на слика-во-слика во било која апликација, а не само на YouTube, како што беше досега. Ќе им треба многу време на девелоперите додека да ја интегрираат оваа функција во апликациите. Како и да е, ова е една голема олеснителна функција во Android O.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle