Што се вируси и што знаеме за нив

Објавено на 31.05.2021 11:21 во Рецензија


Што се вируси и што знаеме за нив

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Вирусите ги има насекаде, некои се дури и добри за човекот;

 

Negatives:

- Вирусите ги напаѓаат човечките клетки и се размножуваат;



Целата рецензија

Знаеме ли колку вируси постојат во светот? Во само една капка морска вода има повеќе вируси отколку жители во град голем колку Њујорк. На Земјата има повеќе вируси одошто има ѕвезди во вселената. Вирусите имаат многу време за зголемување. Тие на Земјата биле присутни многу порано од нас, а некои научници веруваат дека се постари од било кој облик на живот на нашата планета.

Тие се исто така многу разновидни, вирусите може да нападнат било каков облик на живот, од животни до билки, бактерии и габи.

Но, што точно се вирусите?

Вирусите, технички гледано не се живи, затоа што тоа е се уште предмет на научна дебата, но она што го знаеме е дека се пакетчиња на генетски информации. Некои го носат тој код во еднократни насоки на РНК или некои во двојкратни насоки или ДНК. Заедничко за нив е што сите ги користат тие инструкции како нацрт за инвазија на здравите клетки или домаќините.

После влегувањето во клетката, вирусите се размножуваат така што или го уништуваат генетскиот код на домаќинот или се спојуваат со него. После реплицирањето, вирусите бегаат за да заземат место и кај другите клетки, често притоа уништувајќи ги клетките на домаќинот во процесот што се нарекува лиза.

Не мора тоа секогаш да значи и лоша работа, затоа што со разорувањето и реконструкцијата на другите клетки, како што се оние внатре во фитопланктонот во океанот, вирусите играат значајна улога во зголемувањето на ефикасноста од океанската „биолошка пумпа“, односно процесот на одвојување од јаглерод диоксидот од атмосферата и неговото заробување на дното на океанот.

Прастариот вирус исто така довел до настанок на човечката постелка, поради што човечките бебиња не се раѓаат од јајце.

Вирусите имаат само една цел, да направат што е можно повеќе копии од себе. Тоа често предизвикува големи проблеми, како што научниците откриле уште од 19 век, припишувајќи ги откритијата на многу болести непознати и околу невидливите патогени. Научниците почнале да ги нарекуваат тие патогени - вируси, што од латински преведено значи отров. 

Еднаш кога науката открила начин како да ги погледне тие вируси, сме научиле како да ги видиме тие вируси и сме сфатиле дека тие се присутни секаде. Вирусите се реплицирале во луѓето за време на целосната еволуција, а тоа е причината зошто околу 8% од човечкиот геном е изведен од вируси, односно остатокот на инфекциите од нашите предци.

Генетски гледано, вирусите се во неактивна или латентна состојба, иако некои од нив може да реактивираат автоимуни болести, невродегенеративни пореметувања, хронични воспаленија или рак. Освен тоа, вирусите мутираат, а таа мутација може да предизвика физички оштетувања, хемиски промени во генетскиот материјал на вируси или грешки во процесот на реплицирање.

Мутацијата е причината зошто денес имаме пандемија на новиот коронавирус. Но, веќе имаме напредок кога ќе се сретнеме со непознатите вируси во иднина. Истражувања од 2018 година откриваат дека 111 вирусни семејства биле идентификувани низ цел свет, кои содржат од 631.000 до 827.000 непознати вируси, од кои дел имаат веројатно потенцијал да преминат и кај луѓето. Зошто? Тоа и понатаму останува непознато.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.