Хакери и зомби - Ќе успее ли концептот на Watch Dogs: Legion of the Dead?

Објавено на 31.05.2021 21:03 во Рецензија


Хакери и зомби - Ќе успее ли концептот на Watch Dogs: Legion of the Dead?

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Хакери и зомби на едно место. Овие два жанрови во видео игрите досега ретко се мешале, но токму таков концепт ќе понуди Ubisoft со лансирањето на новото DLC како дел од видео играта Legions.

Legions е третото продолжение на веќе етаблираната франшиза Watch Dogs која е фокусирана пред се на светот на хакерите. Секој дел имаше различен тон и механики, со тоа што третиот дел е најамбициозен со активирање на бројни "агенти" кои играчот може да ги регрутира од илјадниците NPCs од самата видео игра.

NPC се ликови од видео игри со кои не може да играте, поседуваат одреден степен на интелигенција и со нив може да стапите во интеракција, односно не се само обични "статисти" кои го пополнуваат светот на Watch Dogs.

Сега, таа идеја на соработка во еден не така далечен Лондон според технолошките напредоци и надзорот на Големиот брат, прави освежување на успешната видео игра со нов додаток во кој во миксот влегуваат и зомбите.


Кооперативна стратегија на преживување

Ubisoft досега не трчаше да се натпреварува во Battle royal жанрот и повеќе се фокусираше да ги одржи во живот повеќето франшизи како Watch Dogs и Assassin's Creed со нови наслови кои ќе понудат нешто што претходните игри го немале.

Затоа не изненадува ниту "тивкото" влегување во кооперативниот жанр на преживување и акција со Watch Dogs: Legion of the Dead. Овој додаток кој ќе може да се симне од први јуни ќе овозможи активно учество до четворица играчи од ист тим. Нивна задача ќе биде да ги преживеат улиците на Лондон преполни со зомби, но и со останати "живи" непријатели. Притоа ќе треба да собираат залихи на муниција, оружје, како и алатки за хакирање на електронски уреди.

Токму принципот на тим од четворица веќе е добро искористен од игри како PUBG, додека пак зомби "модот" е специјалност на Call of Duty.

Првите видео од гејмплејот на Watch Dogs: Legion of the Dead кој се уште е во алфа фаза покажува ветувачки знаци дека додатокот ќе биде ултра забавен и ќе понуди интересен предизвик во кој ќе треба да се применат различни стратегии за да се преживее една мисија.

Генерално мисиите ќе траат околу половина час при што тим до четворица играчи ќе треба да исполнат повеќе задачи и да преживеат додека не стигне хеликоптер за евакуација.

Различните зони и предизвици, како и можно соочуваање преку PvP системот нудат потенцијал за дополнителен развој на оваа игра која можеби ќе добие и целосно самостоен наслов, наместо да биде еден од додатоците на главната игра Watch Dogs Legion.

Дали ви се допаѓа концептот на хакери и зомби на Watch Dogs: Legion of the Dead и дали би му дале шанса?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар