RelaxifyApp апликацијата ве опушта и психолошки ви помага да бидете активни

Објавено на 24.07.2021 12:41 во Рецензија


RelaxifyApp апликацијата ве опушта и психолошки ви помага да бидете активни

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Го подобрува вашето ментално здравје;
+ Висока ефикасност во опуштање на мозокот;
+ Ги подобрува вашите когнитивни способности;
+ Македонска апликација;
+ Прецизни инструкции за дишење и концентрација;
+ Ниска цена за годишна претплата;

 

Negatives:



Целата рецензија

На луѓето им се потребни вакви апликации, доколку сакаат да се опуштат во домашни услови, без да одат физички на јога сесии или психолошки консалтинг. За таа цел, ви ја препорачуваме апликација RelaxifyApp - Stress & Anxiety Relief, која дефинитивно ќе ви помогне да бидете психолошки активни и да ве опушти со техники на дишење. А секако да ги подржиме и македонските претприемачи.

Евалуација на психолошката состојба

Повеќе типови експерти учествувале во креирањето на оваа сестрана апликација, која ви помага да се спознаете себеси со евалуација на вашата состојба на мозокот. Имате да ја проверите вашата личност емоционално, физички, когнитивно и на социјално ниво. Проверката на вашата состојба се прави преку прашалник дизајниран од психолози, а одговорите се едноставни на скала од 1 до 6. 

„Со само една апликација, ќе имате увид во вашите когнитивни, емоционални, физички и социјални функции, преку функционални и индивидуални вежби за подобрување на сите овие области“, гласи пораката на апликацијата.

 

Вежби и игри

Инаку, игрите и вежбите се тука за психолошки да ве „размрдаат“, и да ви помогнат да ги подобрите психолошките димензии. Со секое вежбање ви се подобрува оценката за одредена димензија. Има различни типови на игри и вежби кои влијаат на подобрување на одреден дел од мозокот, а со тоа и на специфична психолошка димезија (емотивна, социјална, когнитивна или физичка) Дефинитивно многу корисни игри, који што може да ја играте со покомплицирани услови и поедноставни, зависи како сте расположени, и кои игри можат да допринесат за ваше комплетно подобрување.

Играта за концентрација го подобрува когнитивниот дел и со успешно играње на истата добивате поени за когнитивната психолошка динезија. На пример, ви нуди 3 различно обоени коцки, со збор запишани која боја се. Двете коцки се со правилно напишани бои, додека третата што не е коректна, треба да ја откриете и брзо да реагирате и да ја одбележите со прстот. Во таа задача имате максимум зададено време од 12 секунди. Имате и потешка верзија со 6 обоени коцки, од кои само една е погрешно одбележана. 

„Со фокусирањето, вниманието во оваа игра го тренира вашиот париетален кортекс (круцијален за визуелно ориентирање и неговите промени) во мозокот и предниот кортекс (важен за одржувањето на вашата будност)“, пишува во RelaxifyApp.

 

Медитација

Како што гласи и самото име на апликацијата, екипата се потрудила да изработи квалитетни насоки за да се опуштите. Тие внимателно ве водат во процесот на опуштање, со тоа што ве советуваат колку секунди треба да вдишете само со стомакот, колку секунди да вдишете само со градите, колку секунди да го задржите воздухот и колку секунди треба да издишувате посебно со стомакот и со градите.

Се разбира, тоа се работи на интервали и пожелно е во позадина да имате тивка музика или целосна тишина за полесно опуштање.

Како да останете психички стабилни

Апликацијата нуди вежба со која ќе можете да ги препознаете негативните мисли и како истите да ги одбегнувате во стресното секојдневие. За вашите резултати имате поени и животи. Во секое време може да ги видите резултатите за вашето ментално здравје и дали има подобрување на истите.

Ова дефинитивно не е уште една апликација што ќе ви побара пари за да ви покаже некои техники за опуштање. RelaxifyApp нуди бесплатен дел на апликацијата, на кој што имате неколку сосема солидни вежби и игри, и секако може да ги користите секојдневно со кои ќе осетите подобрување на вашите емоционални димензии. Месечната претплата изнесува 4 долари, додека годишната претплата изнесува 6 долари само до крајот на месецот. Разликата е во тоа што со премиум претплата имате повеќе избор и повеќе игри, како и нови премиум содржини секој месец, и нови премиум функционалности. Премиум верзијата може да ја пробате 7 дена, без обврска да продолжите до крајот на месецот. 

Заклучок

Преку игрите вие го подобрувате вашето ментално здравје и секако ќе уживате додека го правите тоа. Ве охрабруваме веднаш да ја преземете апликацијата RelaxifyApp - Stress & Anxiety Relief на Play Store на овој линк.  

Апликацијата е изградена со експерти од областа на психологијата и стручни инструктори за медитација, кои ви помагаат да го изострите сетилото за концентрација на мозокот и истовремено да го опуштите, зависно од вашите потреби. На секого му треба концентрација и опуштање, без разлика дали е на работа, дали се одмара со прошета или се одмара во својот дом.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.