Хакерите не мируваат, енормно зголемување на сајбер нападите во Европа

Објавено на 15.06.2021 11:15 во Рецензија


Хакерите не мируваат, енормно зголемување на сајбер нападите во Европа

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Двојно зголемување на сајбер криминалот;
- Неверојатно високи суми извлечени преку откупнина за отклучување на приватните податоци на кориснциите;
- Пандемијата со коронавирусот го направи проблемот со растот на сајбер нападите;



Целата рецензија

Последните кибернетски напади што предизвикале прекин на работата на нафтоводот и производството на месо во САД, за кои нападнатите компании немале решение, туку на крај морале да платат откупнина, уште еднаш покажаа дека сајбер криминалците не одбираат мети и дека е потребно голема претпазливост и подготовка на таквите закани. 

Пандемијата е еден од главните виновници зошто сајбер нападите се зголемија и во областа на Европа, и тоа двојно. Така покажуваат податоците објавени од Агенцијата за сајбер безбедност во ЕУ (ENISA). Причината за таквото зголемување на напади се однесува на фактот што поради пандемијата, огромен број на компании морале за многу кратко време да се префрлат на онлајн работа, при што сигурноста не била на прво место за многумина. Во извештајот се наведува дека со пандемијата и со работата од дома, хакерите имале повеќе време за наоѓање на безбедносни пропусти и нивната злоупотреба.

Во текот на минатата година во Европа се детектирани 304 големи напади врз компании во критични сектори, додека за една година порано таа цифра изнесувала 146. Тоа значи дека бројот на напади буквално е двојно зголемен. Забележан е голем раст на напади врз болници и други здравствени установи. Напаѓачите најчесто користеле ransomware методи, така што станува јасно дека нивната цел е најчесто финансиски. Со таквиот пристап се заклучува пристапот кон податоците на компјутерите и компјутерските системи и се бара плаќање на откупнина за повторен пристап кон тие податоци.

Просечната цена на трошоците, односно губитокот за компаниите со таквите напади, исто така двојно се зголемила според истражувањето на Sophos. Во 2020 година изнесувале над 760 илјада долари, додека оваа година веќе пораснала на 1,85 милиони долари. Во тој износ треба да се пресметаат сите трошоци на напади како што се различните деловни губитоци, трошоци за осигурување, плаќање на откупнина, итн.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.