Што значат новите правила на Apple за девелоперите, огласувачите и корисниците?

Објавено на 16.06.2021 11:20 во Рецензија


Што значат новите правила на Apple за девелоперите, огласувачите и корисниците?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Добрата комуникација меѓу апликациите и корисниците ќе им помогнат на сопствениците на смартфони полесно да одберат дали сакаат да ги споделуваат своите информации или не;
+ Постои варијанта за да се известуваат корисниците со поп-ап известувања за следење на датата во апликациите;

 

Negatives:



Целата рецензија

Приватноста и опциите за (не)следење на корисниците во апликациите зависат од новите правила на Apple и како девелоперите ќе ги имплементираат во апликациите. Од тоа зависи и дали огласувачите ќе може да прикажуваат различни огласи за корисниците.

Целата ситуација ја објасни шефот за приватност на податоците во Apple, Ерик Нојеншвандер. Дали корисникот ќе дозволи следење, зависи од тоа како девелоперите ќе објаснат за што точно се користат тие податоци. Нагласува дека посебна тежина ќе имаат и изразите што девелоперите ќе ги одберат за опис на функциите во делот што Apple им ги дава за појаснување. Многу зависи од тоа што девелоперот ќе го каже. 

„Она што го откривме преку следење на сите други дозволи користени во iOS со текот на годините е дека комуникацијата е многу важен фактор, со цел корисникот да биде информиран и да донесе одлука“, објаснува Нојеншвандер.

Новите правила се корисниците точно да знаат кои податоци на апликациите се собираат и за што ги користат. Односно, мора да добијат поп-ап известување од апликацијата за да побара дозвола за собирање на податоците со цел да се споделуваат тие податоци со трети страни. Доколку апликацијата собира податоци за сопствени потреби, корисникот за тоа нема да биде посебно известен.

Корисниците може да го одбијат или да го прифатат барањето за следење, што им дава можност за зголемување на нивото на приватност за користење на уредите на Apple. Меѓутоа, за огласувачите и целокупно за огласувачката индустрија тоа би можело да биде проблематично.

Одредени огласувачки аналитичари проценуваат дека помалку од една третина од корисниците ќе дозволат собирање на податоци, што би можело да влијае врз ефикасноста и профитабилноста на целните огласи. Тоа не значи дека корисниците на Apple нема повеќе да видат ниту еден оглас, туку дека тие ќе се базираат на податоци што апликациите, односно огласувачите, директно ги собираат од корисниците, а не преку трети страни.

На пример, ако Facebook може да прикажува огласи базирани на информации што ги собира директно од корисниците (кои страници на Facebook се лајкуваат, групите и кои се членови и слично), но не и огласи базирани на веб страниците што корисниците ги посетиле или поимите што се пребаруваат на интернет.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.