Марк Кубан: Банките треба да се плашат од промената на финансискиот пазар

Објавено на 20.06.2021 11:52 во Рецензија


Марк Кубан: Банките треба да се плашат од промената на финансискиот пазар

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Неконтролирани децентрализирани финансии;
+ Повисока брзина во споредба со банките;

 

Negatives:

- Висок ризик со нерегулацијата на криптовалутите;



Целата рецензија

Милијардерот Марк Кубан е познат инвеститор, препознатлив најмногу за љубителите на спортот, затоа што е сопственик на NBA клубот Далас Маверикс. Кубан е еден од заговорниците на криптовалути и неодамна на својот блог пишувал за позитивната иднина на децентрализирани финансии (DeFi) и децентрализирани автономни организации (DAO).

На крилата на децентрализирани финансии, многумина веруваат дека би можел да настане новиот финансиски систем базиран на криптовалути, кои ќе ги надгледуваат децентрализирани автономни организации. Таквите организации се слични на класичните корпорации, но со целосно демократски облик на контрола, во која што нема ниту една главна личност што носи одлуки, туку одлуките и правилата се донесуваат со мнозинска одлука на членови, по што се кодираат во смарт договорите на блокчејн.

На пример, преку DeFi позајмување на пари на корисниците, како што е на пример кредит од традиционалните банки, може своите криптовалути да ги позајмат на други корисници, кои ќе им ги вратат парите со камата. Поради таквиот начин на децентрализирано управување со пари, кој што не е зависен од традиционалните институции, на банките не им се пишува добро, смета Кубан: „Бројни финансиски институции треба да бидат загрижени“, напишал тој на својот блог. 

Марк верува во таквата децентрализирана финансиска иднина, а тоа го докажал со инвестирање во платформата Aave преку која може да се добијат финансиски позајмици. Иако изгледа како банка, Aave не е банка, туку автоматизирана платформа во која нема банкари, нема готовина, формулари што треба да се пополнуваат, ниту одобрување на кредити, туку за се се користат смарт договори.

Главната предност на сето ова, а воедно и главниот ризик на DeFi платформите е тоа што не постои регулатива или осигурување што ќе ги заштити вашите пари. Кубан се согласува дека постојат ризици и дека треба да се решат различни технички работи, но смета дека таквиот DeFi пристап е иднината на личното банкарство.

Од криптовалутите, моментално е најмоќен bitcoin со вредност од околу 35 илјади долари, кој достигна рекордна вредност од 61 илјада долари пред 2-3 месеци. После него, на убедливото второ место е ethereum, а останатите криптовалути со висока вредност се: Dot, Solana, Binance Coin, Monero и многу други.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.