Виртуелната реалност ќе помогне за војниците да станат непобедливи

Објавено на 24.06.2021 07:30 во Рецензија


Виртуелната реалност ќе помогне за војниците да станат непобедливи

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Намалена изложеност на ризик по животите на војниците;
+ Можност за далечно ракување со оружје и со роботи;

 

Negatives:



Целата рецензија

Палмер Лаки во минатата деценија го основаше Oculus, VR компанија што го привлече вниманието на Марк Цукерберг и Facebook, па така во 2014 ггодина ја купи за неверојатни 2 милијарди долари. Лаки остана во Facebook, но поради неговите политички ставови и донации три години подоцна, ја напушти компанијата и започна самостојно со бизнис.

Ghost 4 Launch from Anduril Industries on Vimeo.

Ја основаше компанијата Anduril Technologies, компанија за развој на технолошки решенија за одбранбена и воена индустрија, чија вредност после овие инвестиции се искачи на дури 4,6 милијарди долари. Компанијата ги овозможува своите услуги во границите на САД, каде што нивната технологија се базира на вештачка интелигенција, со помош на сензори и камери, ги следи сите сомнителни настани и движења околу границите. Од компанијата велат дека истата таа AI платформа „Lattice“, може да се користи и на други места, како што се воени бази, за откривање на луѓе, возила и дронови.

Со објавата во новата инвестиција, тешка 450 милиони долари, Лаки објавил интересен твит и објаснил што ќе прави со свежиот капитал. Напишал дека ќе го искористи за претварање на сојузните и американските војници и воини во непобедливи „техноманијаци“, кои што ќе ја имаат моќта на автономните системи.

Нагласува дека она што го спремаат сите ќе ги воодушеви, а иако не бил конкретен, може да се претпостави дека се работи за некоја напредна воена технологија. Изразот „техноманијак“ инаку се употребува во видео игрите и SF, со што се опишуваат лицата што имаат волшебни или натприродни способности, овозможени од напредна технологија.

Треба да почекаме уште некое време со цел да дознаеме за што се работи и какви нови способности ќе им овозможи технологијата на американските војници. Елад Гил го водел финансирањето на Anduril.

Во моментот кога ја објавил веста за инвестицијата, тој тврдел дека светот не е спремен за растечките број на закани со кои што се соочуваме и дека компаниите како што се Anduril, со својата мрежа на сензори, дронови, кули и моќниот софтвер, би требало да помогнат за постигнување на ефикасен одговор на тие закани.

Притоа не мислел само на воени опасности, туку и на борба против криумчарење на луѓе, пожари, заштита на критичните инфраструктури, и така натаму.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.