Нема веќе евтини пратки од Кина после 1 јули за ЕУ: Важи ли ова и за Македонија?

Објавено на 25.06.2021 20:31 во Рецензија


Нема веќе евтини пратки од Кина после 1 јули за ЕУ: Важи ли ова и за Македонија?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Зголемен буџет од малите пакети;
+ Македонија се уште не подлежи на новите правила на Европската унија, затоа што не сме земја членка;

 

Negatives:

- Покачување на цените на малите пратки за Европската унија од Кина и САД;



Целата рецензија

Изгледа дека времето на евтин онлајн шопинг од интернет продавниците во Кина и САД, заврши. Од 1 јули 2021 година, во сите земји членки на ЕУ, се укинува даночното олеснување при увоз на пратка во вредност до 22 евра. Имено, од 1 јули за сите пратки со вредност до 150 евра што се праќаат по пошта, ќе се плаќа данок.

За сите пратки (без оглед на нивната вредност) што доаѓаат од трети земји и се испорачуваат на база на продажба на далечина (e-продавници), од 01.07.2021 ќе се наплаќа ДДВ при увозот. Треба да се има на ум и дека данокот ќе се наплаќа и на оние пратки што се купени пред 1 јули, а ќе пристигнат после таа дата.

Претставниците на Царинските управи во ЕУ велат дека ова е најзначајната регулаторна реформа во поштенскиот промет на ниво на ЕУ, за што овие подготовки траат неколку години. Несомнено, со ова значително ќе се зголеми наплатата при увоз на пратки од странство.

Како ќе се пресметува и ќе се наплаќа ДДВ при увоз од 1 јули?

Предвидени се два основни начина за наплата на ДДВ: посебна постапка со IOSS или посебна постапка за пријава и плаќање ДДВ. Пресметката што ќе се користи, зависи од самиот избор на продавачот. Двата начина за наплата на ДДВ може да се применат кај сите комерцијални пратки. Комерцијални пратки се сметаат оние што се купени преку продажба на далечина, доколку нивната реална вредност не надминува вредност од 150 евра. 

Овој начин на наплата не може да се примени кај алкохолните производи, тутун и тутунски производи, парфеми или тоалетни води. 

IOSS (анг. Import One Stop Shop)

Посебната постапка за оданочување IOSS може да ја применуваат сите лица што вршат услуга продажба на стока од далечина (продавач, платформа или други лице), кое ќе биде увезено во царинската област на Европската унија, без оглед дали имаат земјиште во или надвор од областа на Европската унија.

Даночните обврзници што ќе се пријават за примена на IOSS постапката (и го добијат потребниот ДДВ IOSS број), веќе со продажба на стоката на далечина, купувачот ќе пресмета ДДВ по стапка применлива во неговата земја членка. Во тој случај, продажната цена ќе го вклучи и износот на ДДВ, кого продавачот го наплатува од купувачот, а потоа преку IOSS ја пријавува стоката и наплаќа ДДВ за таа испорака на едно место(месечно според даночните тела).

Ако не се користи посебна постапка за оданочување IOSS, може да се примени посебна постапка за пријава и плаќање на ДДВ при увоз (анг. special arrangments).

Важи ли ова за Македонија?

Не, овие правила не важат за Македонија, затоа што ние не сме членка на Европската унија. Ние сме ослободени од плаќање царина. Го објавуваме официјалното соопштение од Царинската управа на Република Македонија:

Царинење на поштенски пратки

Примач: Физичко лице:

- Стока испратена од странство од физичко лице во помали пратки со писмо или поштенски пакет која ја прима физичко лице кое живее или има одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ, под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 45 ЕВРА во денарска противвредност.

- Ослободувањето не важи за пратки кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун.

Примач: Физичко или правно лице:

- Стока испратена од странство од правно лице (фирма) во помали пратки со писмо или поштенски пакет која ја прима физичко лице кое живее или има одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 22 ЕВРА во денарска противвредност, со вклучени транспортни и манипулативни трошоци.

- Доколку вредноста на стоката е од 22 до 90 евра, истата е ослободена од плаќање царински давачки, но подлежи на плаќање на ДДВ.

- Стока чија вредност надминува вредност од 90 ЕВРА подлежи на плаќање и на увозни давачки и на ДДВ.

- Ослободувањето не важи за пратки кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун.

Начелно, при пристигнување на поштенските пратки на царинското подрачје на Република Македонија, согласно одредбите на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон под надзор на царински службеник се врши издвојување на пратките кои се пуштаат во слободен промет без обврска за поднесување на царинска декларација и тоа:

- поштенски картички и писма кои содржат само лични пораки,
- писма пишувани со Браилово писмо,
- печатен материјал кој не подлежи на плаќање на увозни давачки и
- сите други пратки од некомерцијална природа увозни давачки, а кои содржат ситни подароци, рекламен материјал, ситни мостри и слично, освен пратките кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун. кои се испраќаат со писмо или со поштенски пакет од незначителна вредност, со вкупна вредност до 22 ЕУР во денарска противвредност, под услов да не постои обврска за плаќање. 

Повеќе информации на следниот линк.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.