Airbnb: Пандемијата направи драстични промени кај туризмот и дигиталните номади

Објавено на 28.07.2021 07:30 во Рецензија


Airbnb: Пандемијата направи драстични промени кај туризмот и дигиталните номади

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Поголема мобилност во работата и флексибилност во живеењето низ цел свет;
+ Зголемен развој во туризмот;

 

Negatives:



Целата рецензија

Повеќе од една година се прашуваме кога ќе ни се врати стариот живот и начинот на кој што работиме. Со голем број на преживеани и вакцинирани, се повеќе сме поблизу до колективен имунитет, а во склад со тоа паѓаат и бројките на заразени, па така и мерките се намалуваат. Животот полека се нормализира, но некои работи никогаш нема да се вратат на старо, што не значи дека е тоа лошо.

На пример, начинот на кој што луѓето работат. Се покажа дека е подеднакво ефикасно да може да се работи и од дома, без потреба од секојдневно патување на работа, но и дека некои состаноци се поедноставни да се одржуваат преку Zoom, Teams и други платформи, отколку да го потрошат времето на патувања и состаноците во живо. Во согласност со тоа, се менува и начинот на кој што некои живеат, на кој што ќе продолжат да живеат, но и патуваат. Ако се работи од дома, тогаш веќе ќе нема потреба да се прилагодувате во средината на компанијата, туку ќе уживате во комфорот на вашиот дом.

Се потенки се линиите меѓу патувањата, работните места и животот, коментирал Брајан Чески, првиот човек на Airbnb. Во согласност со радикалните промени во минатите 15 месеци, се промени и неговата компанија, односно услугите што нејзините корисници ги овозможуваат, што се речиси една четвртина на лица што го резервираат сместувањето и преку таа платформа сега останува во изнајмениот простор подолго од 28 дена, додека претходно луѓето останувале и многу помалку.

Тие цифри може да се поврзаат со трендот на работа од дома, затоа што ако се што им треба на вработените е лаптоп, тие навистина може да работат од кое место сакаат, па се повеќе луѓе бараат сместување надвор од градовите, во кои што им се наоѓаат компаниите и оттаму ја извршуваат својата работа. Кога ќе им досади тоа, изнајмуваат нов простор или се враќаат дома.

Тој тренд на долготрајно сместување би требало да продолжи и после пандемијата, веруваат во Airbnb. Дигиталните номади , се разбира, тоа го искористуваат. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.