„Трето око“ софтверот ве следи 12 часа дневно и кога одите во WC

Објавено на 30.07.2021 07:30 во Рецензија


„Трето око“ софтверот ве следи 12 часа дневно и кога одите во WC

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Зголемување на ефикасноста кај работодавецот;

 

Negatives:

- Брзо истрашување на силата на вработениот со претерано работење прекувремено, дури и по 24 часа дневно;



Целата рецензија

Дел од кинеските работни култури вклучуваат таканаречено 996 работно време, кое се однесува на работа од 9 часот наутро, до 9 часот навечер, 6 дена неделно. За такво работно време зборувал и поранешниот шеф на Alibaba, Џек Ма, кој рекол дека не сака да му се јавуваат работниците што не сакаат да работат со такво темпо. Со цел да се погрижат дека работниците нема да го трошат времето на сурфање на интернет или нешто друго што не е поврзано со работата во рок од 12 часа дневно, многу кинески компании нудат различни софтвери за надзор и следење на вработените.

„Трето око“ софтверот е најпопуларен кај технолошките компании, кој ги следи страниците на кои што корисниците сурфаат, се што пишуваат на компјутерот, како и времето без активности на компјутерот. Софтверот на надредените им дава приказ на активности во реално време и ако вработениот одлучи малку да одмори и да погледне некое видео или страница со понуди на работа, веднаш добива предупредување.

32-годишниот Џианг Ји работел порано во кинеска технолошка компанија, во која што се користел спомнатиот софтвер. Вели дека работел од 12 до 16 часа дневно и бил на работ на издржувањето, кога во канцеларијата му влегол тогашниот шеф со лист со неговите дневни активности и го прашал зошто гледал две видеа на интернет, наместо да работи. Софтверот на раководителот му дава извештаи за ефикасност, на кои детално, од минута до минута му е запишано што правел работникот, кои апликации ги користи, односно на кои страници сурфал.

Системот ги држи вработените во страв. Знаат дека се надгледуваат во текот на сите 12 часа, колку што е работната смена. Животот со работно време 996 е доволно кутар и без да се живее во страв, коментирал Џианг, кој додава дека некои вработени поради константен надзор од системот биле приморани да работат и по системот 007, односно 24 часа дневно.

Третото око не е единствениот софтвер што се користи за надзор на кинеските компании. Апликацијата за надзор Zhongduantong брои дури и колку време вработените поминале во WC. Дел од компаниите користат софтвер, кој што освен надзорот, на мобилните телефони на вработените се блокираат апликациите со цел да не се губи време на приватни работи и сурфање, туку целосно да се посветат на работата.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.