Криза во набавката на роба, не очекува поскапување и недостаток на потрошувачка електроника

Објавено на 08.08.2021 11:34 во Рецензија


Криза во набавката на роба, не очекува поскапување и недостаток на потрошувачка електроника

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Зголемување на цените поради поплавите;
- Недостаток на производи поради поплавите;



Целата рецензија

Откако пандемијата со коронавирусот за кратко и целосно го поремети производството и испораката на бројни производи низ светот, ситуацијата релативно брзо се стабилизираше и се врати на старо. После короната, проблемите оваа година се појавија и поради недостаток на бродските контејнери, кризата во Суецкиот канал и недостатокот на чипови, а сега се појавија нови проблеми што би можеле да влијаат врз глобалниот синџир за набавка во втората половина на годината.

Станува збор за големите поплави што неодамна ги погоди Европа и Кина, кои нанесоа голема штета на областите што се клучни точки за глобалниот транспорт и синџирот за набавка, но и во кои настрадале некои големи компании. Експертите откриваат дека поплавите уништиле дел од железничките пруги што се користат за достава на роба и суровини потребни за производство, а настрадале и индустриски погони.

Оштетени се бројни фабрики, машини, поплавени се магацини, како и компаниите што учествуваат во глобалниот синџир за набавка, што би можело да дојде до наплата во втората половина на годината. Поради доцнењето на доставата, суровините потребни за производство на робата, во текот на следните недели и месеци ќе доцни и самото производство и дистрибуција на готовите производи.

Тоа би требало да го почувствуваат и потрошувачите што традиционално трошат најмногу пари на Black Friday и празничното купување во декември, коментирал Паван Јоши, претседателот на софтверската компанија E2open и додава дека можеме да очекуваме недостаток на потрошувачка електроника, мебел, облека, апарати за домаќинство, итн. На таквите недостатоци, продажните синџири би можеле да реагираат со пониски попусти во текот на Black Friday, но со зголемување на цените за некои производи, како што е потрошувачката електроника.

Деловите за автомобили се исто така високо погодена област со поплавите, а тоа ќе биде уште еден удар за индустријата што се погодува со недостатокот на чипови, а на крај тоа би требало да влијае врз доцнењето во испораката на возилата.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.