Convertible Wireless Charger - Супер полнач за Galaxy S8

Објавено на 19.07.2017 во Рецензија


Convertible Wireless Charger - Супер полнач за Galaxy S8

Оцени

usability
8.5


Перформанси
9.0


Цена
8.5


Камера
10.0


резултат
9.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска основна цена

- Ефикасно и брзо полнење

- Лесна преносливост

 

Negatives:

 

- Нема кабли во пакетот

- Неивнетивен дизајн



Целата рецензија

Samsung Mobile по фијаското со експлозивната батерија на Galaxy Note 7 реши да не експериментира со смартфонот Galaxy S8 и затоа ја задржа големината на батеријата идентична како и кај претходниот модел со вкупен капацитет од 3000 mAh. Секако, со новите функции енергетскиот потенцијал не е совршен, но затоа се потруди да понуди соодветни решенија како што е безжичниот супер брз Convertible Wireless Charger.

Станува збор за додаток за полнење на Galaxy S8 како и други сертифицирани смартфони на Samsung со Qi стандардот на безжично полнење и со истиот корисниците треба да добијат енергија во било кое време. Во продолжение ќе прочитате мала анализа како функционира Samsung Convertible Wireless полначот и кои се неговите предности или недостатоци.

Напојување

Samsung Convertible Wireless Charger функционира само како безжичен полнач и потребен му е надворешен извор на енергија за да може да го наполни на пример Galaxy S8. Главен недостаток е што полначот доаѓа без никакви кабли, па така истите ќе мора сами да ги обезбедите ако ги немате за да се поврзете со изворот на енергија. Потоа смартфонот може да го прикачите на лежиштето кое има овална форма во вертикална или хоризонтална позиција. Лежиштето добива најмногу пофалби бидејќи смартфонот ќе стои цврство во позицијата која ќе ја одберете и притоа може да продолжите на пример да гледате видеа во портрет режим или да ја довршите пораката во чат. 

Дизајн

Samsung премиум безжичниот полнач не е најубавиот Wireless Charger  кога ќе го погледнете на прва, дизајнот е доста генерички и нема некоја посебна естетика која би го издвоила. Полначот доаѓа во темна боја и сива боја, но завзема мала површина, па така е доста компактен и лесно пренослив насекаде со вас. Материјалот на површина е силиконски и треба да издржи било какви надворешни влијанија.

Заклучок

Samsung Premium Wireless полначот ако го купите директно од Samsung Mobile со гарантиран сертификат ќе го платите 89 долари иако слични полначи може да се најдат и за пониски суми, но нивната функционалност не гарантира најдобри перформанси, па затоа не ви препорачуваме да ризикувате.

Тоа што недостасува е струен кабел до изворот на енергија како на пример преносна PowerBank батерија или слично за што може ќе треба и да доплатите и исто така да внимавате да биде од сертифициран извор на Samsung.

Предноста на Samsung Convertible Wireless Charger  е што нема да го плеткате вашиот Galaxy S8 со кабли туку лесно и брзо ќе го полните за непрекината активност.

Што мислите вие за Samsung Premium Wireless, дали воопшто ви е потребен ваков додаток за вашиот Galaxy S8 и дали би му дале шанса?

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA