Како се формира цената на криптовалутите, кои се тие крипто-китови?

Објавено на 14.08.2021 11:28 во Рецензија


Како се формира цената на криптовалутите, кои се тие крипто-китови?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Децентрализирани финансии;

 

Negatives:

- Ранливост на криптовалутите на манипулации и шпекулации;



Целата рецензија

Криптовалутите во последната година се предмет на манипулации од високо ниво и шпекулации. Така се докажа ранливоста на вредноста на криптото, кое моментално се води според вредноста на Биткоин, кој располага со вредност од 47,770 долари во овој момент на пишување на текстот.

Долг период вредноста на Биткоин падна на 30.000 долари и така стоеше во место 2-3 месеца со одредени осцилации. Кој е тој што ја одредува цената на криптовалутите? 

Цената се одредува од неколку фактори, а најмногу од крипто-китовите, кои поседуваат од 1000 до 10.000 коини и кога продаваат и купуваат, цените одат горе-долу. Друг голем фактор што ја детерминираше цената на Биткоин е забраната за рударење во Кина

Илон Маск исто така во последно време ја рушеше цената со тоа што прво купи енормна сума на токени и воведе наплата со крипто, но подоцна исто така забрани наплата со крипто, затоа што наводно начинот на креирање на дигиталните валути бил штетен за околината. Сега повторно кажа дека децентрализираните финансии се најубавото нешто што се случило и повторно ги поддржува, па така цената повторно почна да оди нагоре. 

Дали Илон Маск може да се смета за крипто-кит? Па да, зошто да не, иако има многу анонимни сопственици на токени што го регулираат пазарот, а во меѓувреме никој да не знае кога се купува и кога се продава.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.