Samsung Galaxy Z смартфоните се прозорец кон поинаков свет

Објавено на 22.08.2021 20:15 во Рецензија


Samsung Galaxy Z смартфоните се прозорец кон поинаков свет

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Flex mode за извршување на повеќе функции одеднаш;
+ Извршување на двојни функции одеднаш, да читате документи и да извршувате видео повик за време на состанок;
+ Подобрена Dolby Atmos технологија;
+ Професионални слики и видеа;
+ Висока заштита на екранот од падови и гребаници;
+ Водоотпорност со IPX8 сертификат;

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung на својот виртуелен настан ја претстави револуционерната генерација на преклопни смартфони Galaxy Z Fold 3 и Z Flip 3. Иновативниот начин на преклопување, дизајн и спецификации, кои го издигнаа корисничкото искуство на ново ниво, навистина импресионира. Со оваа генерација не пристигнаа само бројни подобрувања, туку потполно нови типови на смартфони што досега не сте ги виделе.

Отвори и преклопи во движење

Забрзаниот начин на живот и брзината на развојот на технологијата резултираа со се поголема потреба за брза реакција, давање на повратни информации и решавање на проблемите во секундата. Лаптопот не ни е секогаш при рака, но најчесто тогаш доаѓа до изненадни ситуации, каде што треба да се заврши работата веднаш во тој момент.

Значајната карактеристика на новите Galaxy Z уреди е Flex mode, кој што овозможува максимална продуктивност и мултитаскинг без оглед на тоа каде се наоѓаат. Новиот Taskbar го олеснува променувањето на апликациите што ги користите без да мора да се вратите на почетниот екран, а Multi-Active Window, како неверојатна алатка за продуктивност, овозможува да отворите три апликации истовремено.

На бизнисмените multitasking опцијата им е најважна, а овие спецификации со кратенки за повторно отварање на апликации се исклучително привлечни. На Galaxy Z Fold 3 уредот може да ги отварате своите мејлови на ист начин како што ги отварате на својот компјутер. Овој смартфон исто така овозможува придружување на видео повик на горниот екран, додека истовремено на долниот екран ги прегледувате документите или ги запишувате белешките од состанокот. Не мора да се грижите ако сте во движење и ако се наоѓате помеѓу две локации, само отвори и преклопи!

Вашето слободно време нека биде навистина слободно

Најдобар дел од денот е оној кога успешно ги совладуваме сите обврски и кога конечно можеме да се опуштиме уживајќи во своето слободно време. Гледањето на филмови и серии, играње игри, слушање музика или читање книги со новата серија на Galaxy Z смартфоните, ќе биде вистинско уживање. Главниот екран е опремен со Dynamic AMOLED 2X Super технологија и Stereo звучници со подобрена Dolby Atmos технологија, што емитува звук со неверојатна јасност, длабочина и просторни ефекти, без оглед на тоа што гледате или слушате.

Дополнителен адут на овие смартфони е фреквенцијата на освежување од 120Hz, која освежува до два пати побрзо од порано и овозможува исклучително добро искуство при употребата. За дополнително чувство на флексибилност тука е Hands-free режимот, што ви обезбедува максимална релаксација додека ја гледате саканата содржина без употреба на рацете.

Спротивно на тоа, ако сакате да бидете продуктивни во своето слободно време, со двата уреда може да креирате одлични аматерски фотографии или видео записи, затоа што имаат одлични 12MP камери со Ultra-Wide и Wide-angle опции, а уредувањето со истите во одредени апликации може да направи вистински професионалец од вас.

Моќен како горила

Новата генерација на Galaxy Z смартфони е одлична комбинација од квалитети и издржливост, која со елегантниот дизајн, впечатливите бои и изгледот, е совршен избор за секого. Galaxy Z Fold 3 и Z Flip 3 се опремени со заштитено стакло Corning®; Gorilla®; Glass Victus ™, кои ќе го спасат вашиот уред од сите типови на гребаници и неочекувани падови. Двата телефона се изработени од новиот Armor Aluminium материјал, најиздржливото алуминиумско куќиште, додека нивниот внатрешен екран е обезбеден со растеглива PET облога.

Infinity Flex екранот и брилијантната Hideaway Hinge технологија на склопување овозможува за овие смартфони да издржлат преклоп од 200.000 пати. Освен тоа, револуционерната иновација на новите Galaxy Z мобилни е тоа што тие се првите смартфони што овозможуваат водоотпорност со IPX8 стандардот. Оваа технологија се базира на тестирање за нуркање до 1,5 метри слатка вода до 30 минути. Не се препорачува за користење во море или базени, но барем не мора да се грижите ако ве фати дожд или ако мобилниот случајно ви падне во вода додека се релаксирате во својата када.

Голем, а доволно мал за да го собере во џеб

Z Flip 3 може да го преклопите и станува доволно мал за да влезе во облека со најмалите џебови, па дури и мали чанти. Неговата големина кога е преклопен изнесува само 4,2 инчи. Додека мобилниот ви е преклопен, може да користите надворешен 1,9 инчен екран, на кој ви се прикажуваат сите известувања, така што може да имате интеракција без да го расклопувате уредот.

Играта добива нов правец

Со новата Galaxy Z серија на уреди, имаме многу пријатни изненадувања. Едно од нив е компатибилноста за користење на популарниот S Pen, кој се прослави со Samsung Galaxy Note серијата на смартфони, кој е воедно и првиот S Pen стилус што може да се користи кај преклопните уреди, а овозможува тотално ново корисничко искуство.

S Pen за Galaxy Z Fold 3 доаѓа во две верзии: S Pen Fold Edition и S Pen Pro, кои што се специјално дизајнирани и проектирани со цел максимално да се заштити главениот екран. Овој уред тотално ја менува играта во мобилната индустрија, затоа што ви овозможува се да извршувате брзо и без преголем стрес.

Samsung е посветен кон тоа уникатно искуство на преклопни смартфони, со цел да овозможи на што е можно поголем број на корисници и затоа новите Galaxy Z смартфони може да се купат за најдобрите цени досега. Доколку го замените стариот телефон добивате и попуст од 6000 денари и добивате дополнително уште една гратис, вкупно 3 години гаранција. Galaxy Z Fold3 со 256GB чини 102 илјади денари, а Galaxy Z Flip3 со 128GB чини 55.500 денари. Достапни се за преднарачка од 11 август до 26 август 2021 година.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.