Претседателот на Huawei верува дека може да се вратат на тронот

Објавено на 23.08.2021 07:30 во Рецензија


Претседателот на Huawei верува дека може да се вратат на тронот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Гуо Пинг, претседателот на Huawei е оптимистичен дека компанијата ќе се издигне;

 

Negatives:

- Забрана за соработка на Huawei со американските компании за напредни чипови;
- Пад на мобилниот сегмент на Huawei;



Целата рецензија

Huawei пред две години беше речиси на врвот и изгледаше дека ќе доминира на пазарот на смартфони, но се вмеша тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп и ја внесе кинеската компанија на црната листа. За Huawei беше забранета соработка со американските компании и користењето на технологијата, што значеше дека Huawei веќе нема да има пристап кон хардверот, како и нивните конкуренти, но ниту дека на своите уреди ќе може да се инсталираат услугите на Google, како и апликациите што ги користат милијарда луѓе.

Тоа беше почеток на крајот на големите амбиции на Huawei, а колку што ги погоди одлуката на Трамп, можеме да видиме по тоа што веќе не се ниту меѓу петте најголеми глобални производители на смартфони и што нивниот оддел на потрошувачка електроника во првата половина на оваа година потонал за дури 47% во споредба со една година порано.

И покрај тоа, Huawei не се предава и не гледа црно на нештата. Компанијата верува во подобро утре и враќање на стазата на стара слава, иако се свесни дека тоа не може да се случи за еден ден.

Во разговор со кинеските медиуми, претседателот на Huawei, Гуо Пинг, изјавил дека „Huawei ќе продолжи да работи на пазарот на смартфони, а кога ќе се зголеми производството на чипови“, најавува „повторно враќање на тронот“. Во Huawei се свесни дека за производство на денешните смартфони е потребна напредната технологија, која тие може да ја дизајнираат, но никој не може да им помогне во производството, затоа што кинеските производители на чипови, се уште немаат можност за производство на такви напредни процесори, какви што ги бара компанијата.

„Застанавме“, искрено одговорил Пинг.

За да се вратат на тронот, потребна им е соработка со партнерите во развојот на технологијата и процесорите. Се надева дека порано ќе дојде денот кога во Кина ќе може да се произведуваат конкурентните чипови и процесори, а дотогаш ќе се работи на развој на сопствена технологија, благодарение на која ќе може да се произведуваат смартфони, што ќе конкурираат на пазарот на смартфоните.

Со оглед на проблемите на пазарот на смартфони, Huawei го промени својот фокус на некои други пазари како што е софтверот и cloud computing, но од телефоните не се откажуваат. Амбициите и понатаму се големи, иако е јасно дека до исполнувањето на тие амбиции ќе помине многу време.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.