Мариса Мајер: Чудото од жена, што земаше 900.000 долари неделно од Yahoo

Објавено на 26.07.2017 во Рецензија


Мариса Мајер: Чудото од жена, што земаше 900.000 долари неделно од Yahoo

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Yahoo падна во рацете на Verizon Communications, што значи крај на петгодишното лидерство на Мариса Мајер, генералната директорка на Yahoo, која заработуваше по 900.000 долари неделно. Мариса во Yahoo заработи речиси 250 милиони долари, што е огромна сума, дури и за стандардите на Силиконската долина. Таа беше прогласена за спасителка на Yahoo, кога стапи на функција и истовремено го напушти Google во 2012 година. За време на нејзиното управување, Yahoo се соочи со двата најголеми хакерски напади во историјата, кои загрозија стотици милиони луѓе.

Yahoo ги изгуби оние што се рекламираа после тие напади, при што во меѓувреме корисниците се ориентираа на Google и Facebook. Компанијата мораше да отпушти тогаш половина од вработените, па така се намали капацитетот и ефикасноста. Се разбира, единственото паметно решение во тој момент беше продажба.

Невозможната мисија платена 900.000 долари неделно

Сите се прашуваат зошто Мариса Мајер добиваше по екстра 900.000 долари неделно? Одговорот не е толку едноставен, т.е. станува збор за современ пакет на услуги, при што еден од основачите на Yahoo, Џери Јанг, инвестирал во него. Мајер ја добиваше платата во акции, што значи дека заедно со другите инвеститори ги собираше плодовите од работата кога нивната вредност се зголемуваше.

Интересно е тоа што вредноста на Yahoo на берзата двојно се зголеми во времето на управување од Мајер, што значи дека таа го заслужила секое доларче што го заработила. Вредноста на акциите на Yahoo на 16 јули, 2012 година, денот кога Мариса почна да работи, беше 15,65 долари, а денес вреди 50,60 долари.

Чудо од жена, програмира како на шега и гледа три деца

Мариса Мајер сите ја знаат како супер-жена, која дипломирала сметководство на Стенфорд Универзитетот, која пишува кодови за програми од забава, а притоа одгледува и три мали деца и изгледа феноменално во креациите на Оскар де ла Рента. 

„Таа е атрактивна генерална директорка, која се обидела да воведе возбуда и гламур во Yahoo. Колку и да и била тешка работата, таа немала време за одмор. Кога Мајер би била грд маж, би била херој“, изјавила Марта Џозефсон, партнер во компанијата Егон Зендер, која се занимава со наоѓање работници, и која и помогнала на Мајер да пронајде неколку од своите најблиски соработници.

Преку комбинација на аквизиции и вработувања, Мајер драстично го проширила мобилниот тим на Yahoo, кој ги креирал популарните апликации Yahoo Weather и Yahoo News Digest. Новиот тим од срж го подобри она со што се занимава компанијата, а тоа се мејловите. Проблемот настанал кога Мајер не успеала да ги натера корисниците да го употребуваат Yahoo секој ден, заедно со неговите сервиси. Затоа пропадна целата идеја за реанимација на Yahoo.

Tumblr бил грешка, но колегите зборуваат позитивно за неа

Мариса направи обид за пробивање во социјалните мрежи, па така го купи Tumblr за 1,1 милијарда долари во 2013 година. Класичен неуспешен обид. Приказната излезе само трошење пари и време. Најголемата грешка на Мариса Мајер било вработувањето на поранешниот колега од Google, Хенрик де Кастро, како извршен директор за адвертајзинг на Yahoo.

„Се сомневам дека било кој би ја завршил работата подобро во трансформирањето на културата и обидот да го подобри Yahoo“, изјави Питер Монако, потпретседателот на инженерскиот оддел во Yahoo.

Хенрик не ги исполнил очекувањата, затоа директорката го отпуштила после 14 месеци. Поради таа причина Yahoo морал да плати 58 милиони долари оштета, а според информациите од судот, Хенрик добил вкупно 108 милиони долари. И покрај неуспехот на Мариса Мајер, колегите се уште ја ценат и ја почитуваат.

Заклучок

Мариса Мајер би можеле да ја наречеме „челичната лејди“ по терк на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, со силен карактер и високи амбиции. И покрај тоа што Yahoo мораше да биде на крај продаден, сите ја почитуваат како чудо од жена, со високо ниво на интелигенција и борбеност.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA