Зошто Трамп го гледа шефот на Amazon како голем непријател?

Објавено на 26.07.2017 во Рецензија


Зошто Трамп го гледа шефот на Amazon како голем непријател?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Креирање притисок врз политичарите и моќните луѓе

 

Negatives:

 

- Можен напад врз медиумските слободи



Целата рецензија

Американските медиумски и политички аналитичари често се без зборови и не можат да најдат логични објаснувања за постапките кои ги презема Доналд Трамп, а уште помалку за неговите гневни твитови често напишани на неразбирлив јазик кој само тој го говори. Меѓутоа непријателството со Џеф Безос, еден од најдобрите американски бизнисмени во последните десетина година, веќе е добро познато. Тука нема политичка позадина, Трамп повеќе го гледа Безос како свој личен непријател и тоа датира доста одамна, пред воопшто и да помисли да се кандидира за претседател. 

На првата средба меѓу технолошките тајкуни и Доналд Трамп постоеше мал знак на надеж дека новата американска администрација ќе ги подобри односите со генрално критички настроените компании како Amazon, Apple, Facebook, Microsoft и Google кои сакаат да влијаат позитивно на општеството, но тоа падна во вода откако новиот американски претседател побрза да го „исплука“ Безос и неговите компании на Твитер профилот. Безос нападите ги сфати како шала и рече дека е среќен што конечно Трамп го спомнал на Твитер возвраќајќи му дека му чува место во Blue Origin ракетата за да го испрати во вселената( и никогаш да не го врати на Земјата).

Amazon Washington Post

Трамп долго време е во вербална војна со еден од најстарите и најугледни дневни весници The Washington Post. Токму овој медиум во ерата на замирање на печатот беше откупен од Џеф Безос за 250 милиони долари и тоа со пари од неговиот личен инвестициски фонд, па така нема никаква поврзаност ниту со Amazon ниту со неговите други компании. Сепак, Трамп често „твита“ дека Washington Post му се големи непријатели и дека шират Fake news. Washington Post тој директно го поврзува со амбициите на Безос кој го обвинува дека лично лобирал да се пишува негативно против новата претседателска администрација на САД. 

Washington Post откри неколку големи скандали поврзани со името на Трамп како познатата протечена лента на која тој кажува дека и се пуштал на омажена жена и дека само затоа што е познат ги „фаќал“ жените за меѓуножјето (grab them by the pussy), а тие тоа му го дозволувале.

Секако, ниту еден скандал не го спречи Трамп да победи на изборите, но тој и натаму не може да му прости на Washington Post. Весникот продолжува со објавување на осетливи информации кои ги добива како од припадници на Белата куќа кои водат тивок бунт против претседателот, така и од разузнавачката заедница на САД која смета дека Трамп директно добивал помош од Русија како странска сила.

Заклучок

Либералните аналитичари сметаат дека Трамп го презира Безос заради неговата независна изградена позиција. Безос е моќен бизнисмен, има империја за трговија со Amazon и води многу „кул“ проекти како приватната вселенска компанија Blue Origin која лансира ракети. Токму затоа борбата меѓу овие две моќни фигури ќе продолжи, а Трамп може да иницира институциите да ги разгледаат обвинувањата за монополска позиција на Amazon како и да ги зголеми регулативите кои ќе го опфаќаат делувањето на Amazon како онлајн компанија.

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA