Цукерберг против Маск - Дали AI треба да се контролира?

Објавено на 28.07.2017 во Рецензија


Цукерберг против Маск - Дали AI треба да се контролира?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Развој на дебата

- Регулација пред да биде предоцна

- Развој на напредни технологии

 

Negatives:

 

- Ограничување на потенцијалните капацитети на AI

- Недоволна заинтересираност на властите



Целата рецензија

Двајцата технолошки тајкуни Марк Цукерберг и Елон Маск за прв пат имаа јавен судир околу нивните ставови за развојот на вештачката интелигенција (AI) кој се префрли на социјалните мрежи. Цукерберг кој е основач и директор на Facebook сосема природно на неговата мрежа се обрати во видео во живо во кое посочи дека стравот на Маск од опасностите од вештачката интелигенција се ирационални и далеку од вистината. Елон Маск кој ја води Tesla веднаш возврати на неговиот Twitter профил и истакна дека разговарал со Марк за оваа тема, но неговото разбирање за вештачката интелигенција било ограничено, што до некаде беше доста навредливо и провокативно.

Кој е во право?

Замислата на Маск за заканата од вештачката интелигенција е базирана повеќе на стравовите кои ги гледаме во научно-фантастичните новели и филмови, особено во Терминатор каде компјутерите добиваат свест, а машините се креваат против човештвото кое сакаат целосно да го истребат. Тука постои едно основно философско прашање што ќе биде кога машините, роботите и компјутерите ќе имаат своја свест, ќе може самостојно да носат одлуки, дали тогаш ќе им се спротистават на луѓето одбивајќи да ги следат нивните команди. 

Сепак, технологијата е многу далеку од создавање на сингуларност на вештачката интелигенција и никој засега не може да предвиди во каков правец ќе се развива. Маск сака да се воведе владина регулација на вештачката интелигенција со цел таа еден ден да не тргне против човештвото, ниту пак во идните фази на развој да не предизвика штети врз информациските системи што може да има големи последици врз бизнисите, владите, организациите, па дури и сајбер безбедноста.

Марк Цукерберг секако пред себе не го гледа Терминатор сценариото туку смета дека вештачката интелигенција треба да се развива слободно со цел да се искористат максимално сите потенцијали. Facebook како технолошка компанија доста зависи од вештачката интелигенција од управување на алгоритмите за приказ на статуси и вести, до селектирање на тоа каков вид на реклами ќе му се пласираат во полето на видик на корисникот. 

Исто така Цукерберг има и алтруистички мотиви за развој на вештачката интелигенција, тој е еден од општествено најактивните технолошки тајкуни, даде 3 милијарди долари за научен фонд кој треба да наоѓа лекови за тешките болести, па токму со подобрување на дијагонозата и изработка на алгоритми за третман може да се надминат многу проблеми. Вештачката интелигенција Цукерберг ја гледа и во секојдневната употреба во домот, конкретно во неговиот тој има создадено гласовен систем кој му помага во секојдневните задачи, а слична визија има и за масовната потрошувачка.

Маск секако со Tesla има потреба од вештачката интелигенција за самоуправувачките електрични автомобили кои ќе ги развива во иднина, како и за автопилотот за сегашните модели, но длабокот е убеден дека мора да постои некакво ограничување.

Заклучок

Оваа мала „битка“ на Цукерберг и Маск на социјалните мрежи предизвика огромно внимание и не во негативна смисла, напротив наместо да се говори еве кој испадна од нив двајца поголем фраер се разви дебата за самата суштина на проблемот со вештачката интелигенција. 

Професорката Мануела Велосо од Карнеги Мелон школата за компјутерска наука смета дека вештачката интелигенција треба да се остави слободна за сите истражувачи целосно да имаат можност да ја развиваат за научни цели, а кога е во прашање нејзината комерцијална примена тогаш може да се размислува за начините на кои да се направи побезбедна за користење. 

Инаку властите во САД се засега многу далеку од воведување на било какви регулативи за вештачката интелигенција бидејќи само што започнаа дебата за регулација на автомобилите со системи за асистенција при управување кои веќе се наоѓаат во употреба на патиштата. 

Што мислите вие за вештачката интелигенција, кој е во право Маск со стравот дека роботите ќе не уништат или Цукерберг со оптмизмот дека напредната технологија ќе го спаси општеството?

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA