Huawei Y6P: Шампион во автономија, перформанси солидни

Објавено на 21.09.2021 19:30 во Рецензија


Huawei Y6P: Шампион во автономија, перформанси солидни

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Атрактивен дизајн;
+ Голем екран;
+ Солидни перформанси;
+ Долготрајна батерија;
+ Ниска цена;
+ Powerbank функција за полнење на други уреди;
+ Добра камера;

 

Negatives:

- Ниска резолуција на екранот;



Целата рецензија

Huawei Y6p е смартфон со претерано ниска цена и тоа е една од неговите најголеми предности, како и хардверот. Не грижете се за софтверот, со More Apps, сите апликации може да ги најдете, кои што се уште ги нема во официјалната продавница за апликации Huawei AppGallery. Секојдневно се соочуваме со ставовите на корисниците што мислат дека ги нема сите апликации, но не грижете се, ако имате нешто проблем, тука сме да ве советуваме. Huawei Y6p смартфон што за многу ниска цена, ви нуди атрактивен дизајн, голем дисплеј и долга автономија. Може да го најдете во продажните салони на Анхоч со најниска цена на пазарот во Македонија.

Дизајн

Huawei Y6p е со модерен дизајн и мал засек на екранот, кој што се простира на цел преден панел, со дијагонала од 6.3-инчи. На левата страна на уредот се наоѓа влезот за две нано СИМ картички и microSD картичка, додека од спротивната страна се наоѓаат контролите за глас и Power копчето за вклучување/исклучување и отклучување/заклучување. Иако дизајнот на целиот телефон е од пластика, нема да добиете впечаток дека се работи за лош финиш од страна на производителот.

На задниот панел имате прекрасен финиш со плексиглас и тројна камера со LED блиц. На средината на задниот панел е скенерот за отпечатоци на прсти, со кој што ќе може да го отклучувате телефонот. Брзо реагира и телефонот веднаш се отклучува. За толку малку пари, оваа алатка е топ. 

Екран

Екранот на Y6p е IPS LCD со големина од 6.3 инчи и резолуција од HD+. Тоа резултира со добра густина на пиксели под фамозната граница од 300ppi, но не би кажал дека добро се забележува. Дисплејот има вградено технологија за да препознава кога вашето лице е пред екранот, што оди добро со Face Unlock отклучувањето. 

Камера

Предната камера изнесува 8MP, која ќе ви креира одлични спомени и има поддршка за 1080p видео. Од задната страна имате тројна камера со LED блиц, кај која имате главен сензор од 13MP f/1.8 со PDAF автофокус и поддршка за 1080p видео. Резултатите се секогаш подобри во текот на денот, отколку ноќта. Ултрашироката камера ќе се погрижи за да може да ве собере цела фамилија во кадар и ништо да не пречи. Третиот сензор служи за длабочина на деталите.

Интерфејсот на камерата ќе ви биде познат ако досега имавте некој Huawei телефон, кој е практичен за употреба и интуитивен. Наместо портретен режим, тука го имате Blend режимот, за да можете вештачки да ја замаглите позадината. Pro режимот има рачни поставки за уредување на фотографиите, што веруваме дека може многу да ви помогне кога креирате фотографии за долго сеќавање.

Софтвер

Како што спомнавме погоре, тука имаме Huawei AppGallery наместо Google Play. Едноставно прво ги пребарувате апликациите на AppGallery, а оние што нема да ги најдете таму, апликацијата MoreApps ќе се погрижи да ја пронајдете било која апликација од доверливи извори. Y6p е со Android 10 оперативен систем и EMUI 10 кориснички интерфејс. Се разбира, тука ги немате апликациите Gmail, YouTube и Google Drive, но Gmail профилот ако претходно сте го отвориле, може да го додадете во Email апликацијата на телефонот, а на YouTube може да пристапите и преку веб прелистувачот. YouTube може да се најде и како апликација.

EMUI 10 функционира добро и лесно, кога екранот е заклучен, добивате известувања и може преку кратенка да пристапите кон камерата. Со лизгање на прстот од дното нагоре, ќе добиете кратенки за сијалица, калкулатор и слично. Почетниот екран нуди опција со и без изборник со апликации, а до него може да дојдете ако лизгате со прстот од дното. Телефонот овозможува да вклучите FM Radio за кого има вградена антена внатре, па може да слушате радио и без да приклучите слушалки, кои вообичаено се задолжителни кај повеќето телефони, затоа што се користат како антена.

AppGallery продавницата за апликации забрзано се пополнува, не грижете се, ќе се наполни за брзо време. Huawei нуди и одредени практични алатки како што е на пример Phone Clone, со која што може да ги префрлите податоците од стариот телефон.

Хардвер и батерија

Huawei Y6p под хауба има 8-јадрен MediaTek Helio P22 процесор, кој уредно ја извршува работата, 3GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија за слики и видеа. Смартфонот ги извршува сите задачи без проблеми, а може да ги играте и игрите PUBG и Asphalt. Тоа значи дека е доволно добар и за помладата популација. Телефонијата и GPS се одлични, а читачот за отпечатоци на прсти се наоѓа на задната страна на телефонот, што се одвива доволно пристојно. 

Телефонот има титула за вистински шампион во автономија. Батеријата со капацитет од 5000mAh, во комбинација со овој чип и екран со ваква резолуција, се рецепт за 14 часа вклучен екран со едно полнење. Полнењето трае до 2,30 часа, а кога ќе го наполните знајте дека ќе бидете мирни повеќе од два дена. Се разбира, автономијата зависи секогаш од начинот на употреба. Полнењето се извршува преку micro USB порт. Со соодветен адаптер, може да ја преземе и улогата на Powerbank и реверзибилно да полните други уреди.

Заклучок

Со ценовниот ранг до 150 евра, од смартфон не може да се очекува ништо посебно. Huawei Y6p не е тоа, но сепак има некои адути што би можеле да ве привлечат. Изгледа убаво и привлечно, екранот е голем, перформансите се солидни, звучникот е моќен, а за батеријата веќе немаме зборови. Камерата е супер за креирање на добри спомени, а со стариот micro USB за синхронизација и полнење, најголемиот минус е недостаток за поддршка за Google сервисите.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.