Ќе има ли наскоро поскапување на телефоните и таблетите?

Објавено на 20.09.2021 11:44 во Рецензија


Ќе има ли наскоро поскапување на телефоните и таблетите?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Енормно покачување на цените;
- Цените се покачуваат во секој аспект на човекот;



Целата рецензија

Изразите што почесто ги слушаме во последно време се инфлација, недостаток и поскапување на се и сешто, од овошје и зеленчук, се до градежниот материјал, а изгледа дека следното на ред би можело да биде поскапувањето на потрошувачката електроника.

После недостатокот на компоненти и чипови, проблемите со доцнење во глобалниот синџир за набавка, бројни експерти предупредуваат на нов проблем што би можел да дојде до зголемување на цените на уреди, што никогаш не се добри вести, особено не пред празничниот шопинг. 

Станува збор за зголемување на цените на ретките метали што се користат во потрошувачката електроника, од оние познатите како што се литиумот, па се до оние што не сте ни слушнале, а се користат често при производството на популарните уреди. Причина за зголемвуање на цените се различни, од трговската војна на САД и Кина, пандемијата, па се до константното зголемување на побарувачката. Со оглед на тоа што светот се движи кон електрификацијата, се вложуваат милијарди во електрични возила, па така станува голема побарувачката за чипови и електроника, кои што се вградуваат во возилата на електрична енергија.

Други аналитичари веруваат дека како главна причина е американско-кинеската трговска војна, затоа што Кина контролира 55% од глобалните производни капацитети, и не помалку од 85% од производството на ретките метали. Тоа веќе влијаеше врз испораката на некои од најважните компоненти за производство на бројни производи на потрошувачка електроника. Цената на литиумот што се користи во батериите порасна за 150% во споредба со септември 2020 година.

Порасна и цената на холмиумот, кој што се употребува за производство на магнет и специјални легури, за сензори и прасеодимиум и неодимиум, што се користат за силни магнети во звучниците, моторите, турбините, итн. Во споредба со минатата година, од 37% до 80% пораснаа и цените на бакарот, калајот, алуминиумот и другите елементи што се користат во производството на чиповите, поврзувањето на електронските компоненти, механичките делови, итн.

Како што нагласуваат на TechSpot, продажната маржа на неколку кинески добавувачи што имаат договори со технолошките гиганти како што се Apple, Amazon, Dell, Logitech и Facebook, се намали за под 20%, што е некој индустриски просек. Досега тој финансиски губиток не го префрлиле на своите клиенти, но тоа сценарио до кое што наскоро би можеле да дојдеме, можеме да очекуваме зголемување на цените на сите производи поврзани со електроника и батерии.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.