Samsung Galaxy J5 (2017): Шампион во дизајнот и камерата

Објавено на 31.07.2017 во Рецензија


Samsung Galaxy J5 (2017): Шампион во дизајнот и камерата

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.5


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

- Подобрен интерфејс;
- Метален дизајн;
- Сензор за отпечатоци;
- Заоблен дизајн;
- Најновиот Android 7.0 Nougat оперативен систем;
- Нови и корисни алатки за подобро искуство;
- Подобрена селфи камера;
- Шампион за долготрајна батерија;

 

Negatives:

- Слаби перформанси;



Целата рецензија

Samsung Galaxy J5 (2017) е наследникот на еден од најпопуларните телефони во оваа серија, J5 (2016). Дизајнот го задржува својот изглед и одредени спецификации, како на пример, 5.2-инчен HD дисплеј и 16GB внатрешна меморија. Стариот дизајн имаше пластичен материја, кој сега е заменет за метално и цврсто тело, со додавање на неговиот сензор за отпечатоци на прсти. Со неговите минимални рамки, телефонот навистина изгледа модерно. Ајде да погледнете какво е искуството со Android телефонот што е ценовно прифатлив.

Дизајн

Samsung Galaxy J5 (2017) е изграден од метал и се чувствува одлично во раката, кој лесно може да се ракува со една рака. Квалитетно е изработен и тенок е 0.31 инчи, односно 7.9мм, што значи дека не е многу дебел, ниту многу тенок. Во новиот дизајн имаме заоблени рабови од предната страна и блага заобленост и на задниот панел, што го прави прилично комфортен за употреба. Најзабележливи се антените од задната страна, кои се продолжени како две половени од заоблен правоаголник. 

Типична минимална имитација на Edge моделите од Samsung, што е најмногу забележливо кај розевите и златните J5 (2017) модели, кои со антената прават поголем контраст од црната и сината боја. Од задната страна има една камера со блиц, како и предната камера со блиц. Овој пат звучникот е преместен на десната страна од телефонот како за промена, исто како кај Samsung A серијата. Не е лоша локацијата како за звучник. 

Копчињата се изработени од метал и се одлични кога ги притискате, т.е. веднаш реагираат. Новитет е тоа што имате сензор за отпечатоци на прсти во Home копчето од предната страна, кој одлично се вклопува со се друго. Од долната страна имате микрофон, microUSB влез за полнење и 3.5мм аудио џек. 

Дисплеј

Galaxy J5 (2017) располага со 5.2-инчен Super AMOLED дисплеј со 720 x 1280 пиксели и HD резолуција. Дисплејот има олеофобичен премаз, што значи дека на екранот добивате подобро искуство при лизгањето со прстот, исто како кај скапите телефони. Ова не се прави кај ценовно прифатливите телефони, но ете, J5 (2017) го има ова, а нема висока цена.

Доброто кај дисплејот е што можете да го подесите на неутрални бои во Settings > Display > Screen Mode, а ако сакате да ја подесите точноста на бои кон подобро, кликнете на стандардниот Adaptive Display mode, во Color Balance секцијата и намалете ја зелената и сината боја. J5 (2017) е доволно светол за да можете да гледате на силна сончева светлина, исто како и претходникот од 2016 година. Моделот има филтер за сина светлина, што значи дека ја намалува сината светлина на телефонот. Ова ќе ви помогне да заспиете полесно ако го користите телефонот ноќе.

Апликации, интерфејс и софтвер

Samsung постојано го подобрува својот Android интерфејс, кој сега е одлично среден и полесен за употреба. Речиси е ист како оној од Galaxy S серијата. Имате нов виџет за време, нови фонтови, нов фиокар за апликации со повлекување на прстот од доле кон горе на екранот, нов паѓачки бар за известување во сиво и сино светло, различни UI теми, и многу интересни функционалности што ги има кај S8. Имате нов трик кај заклучениот екран: може да повлечете со прстот настрана за музички опции или со поблаго повлекување на прстот за да ја вклучите следната песна.

Разгледајте го краткиот список со корисни алатки кај новиот Galaxy J5 (2017):

Dual Messenger: опција што ви овозможува да инсталирате два IM акаунта на истиот сервис на вашиот телефон, што значи дека може да користите по два профила на истата апликација на Messenger, Skype, Whatsapp, Viber, WeChat и друго. Ова е од голема помош. 

Secure folder: Место за вашите приватни апликации и фотографии.

Game launcher: Ви овозможува да ги блокирате капацитивните копчиња додека играте игра, за да не ја прекинете играте ненамерно. Ви дозволува и да блокирате повици додека играте за да не ве прекинуваат.

J5 (2017) функционира со најновиот Android 7.0 Nougat оперативен систем, што е одлична вест за ценовно прифатливите телефони.

Перформанси и меморија

Samsung благо ги подобрува и перформансите, колку што може повеќе за цената што ја плаќаме. Galaxy J5 (2017) располага со 14nm Exynos 7 Octa 7870 процесор, кој кај ланскиот модел J5 (2016) беше со 28nm Snapdragon 410.

Сега имате и 2GB RAM меморија, кои ви овозможуваат да играте Candy Crush, но не и Vainglory или други игри што се графички многу подобрени и бараат многу помоќни перформанси. Од друга страна имате 15GB на располагање за меморирање на лични податоци, која не е премногу, но е доволна. Се разбира, овде имате опција за microSD картичка ако ви треба.

Камера

J5 (2017) доаѓа со 13-мегапиксели камера, 27mm f/1.7 камера од задната страна и 13MP, 28mm f/1.9 камера од предната страна. Апликацијата за камерата има краток пат за вклучување на камерата како минатиот пат - со двојно притискање на копчето home, што значи многу побрзо фотографирање на некои моменти за кои треба да се реагира секундарно.

Може да повлечете кон нагоре или надолу за да ги менувате предната и задната камера или да повлечете кон лево или десно за различни ефекти и модули. Имате на располагање автоматски режим, професионален режим со лимитирани контроли за White Balance, ISO и експозиција, понатаму има Панорама, Континуирано фотографирање, HDR режим, Ноќен режим, Спортски режим, итн. 

Фотографиите на телефонот имаат солиден квалитет, кои може да ги подесувате како што сакате на силна светлина и ноќе. Предната селфи камера е подобра од просечните камери, со која имате многу повеќе детали кога се фотографирате и дење и ноќе. 

Батерија

Samsung Galaxy J5 (2017) има батерија со капацитет од 3,000mAh, која е фиксирана и не може да се вади. HD дисплејот можеби не е многу енергетски ефикасен за продолжување на векот на траење на батеријата, но 14nm процесор, го прави телефонот шампион во долготрајна батерија. Со интензивно користење може да трае до 1 ден и половина, но со мирување може да го достигне и третиот ден.

Заклучок

Бидете сигурни дека со J5 од 2017 година добиваме многу повеќе за парите што ги плаќаме. Телефонот е за малку поскап, но добиваме многу повеќе функционалности, кои се стандардни за премиум смартфоните. Цената на Samsung Galaxy J5 (2017) во Европа изнесува 260 евра, што е за 50-60 евра поскап од Galaxy J5 (2016).

Телефонот има навистина одличен дизајн, одлична селфи, подобрена камера, подобрен и функционален софтвер/интерфејс, квалитетен дисплеј и многу други „ситници“, што се неопходни за добивање на богато искуство. Што мислите вие за овој модел? Ние сме воодушевени.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA