Сите вработени со вградени чипови - Напредок или контрола?

Објавено на 31.07.2017 во Рецензија


Сите вработени со вградени чипови - Напредок или контрола?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Поголема ефикасност на работното место

- Засега доброволно поставување на импланти

 

Negatives:

 

- Опасност од хакирање

- Последици по здравјето

- Загрозување на приватноста

- Зголемување на контролата

- Нема доволно дебата ниту регулатива



Целата рецензија

Се поголем број на компании низ Европа и САД планираат да им вградат чипови на своите вработени со кои ќе може да извршуваат одредени операции како замена за електронските картички за идентификација и пристап. Сепак, станува збор за многу посложена технологија која од вработениот бара голема посветеност, бидејќи треба да даде дозвола за имплант во неговото тело.

Тука се покренуваат голем број на етички дилеми, дали со чиповите може да се обезбеди потребното ниво на приватност на вработените без оглед што тие треба да ги следат правилата на компанијата за која прифатиле да работат.

Доброволно инсталирање под кожа

Засега повеќе компании „инсталирањето“ на RFID чиповите во телата на вработените го вршат на доброволна основа. Three Square Market компанијата која создава автомати за храна и пијалоци од САД вели дека досега половина од работната сила прифатила да им биде поставен електронски имплант. 

Со него тие се валидираат кога ќе дојдат на работа, а исто така може да го користат чипот за купување на грицки и сокови од автоматите во кафетеријата. Од Three Square Market велат дека се задоволни од примената на новата технологија и ветуваат дека не вршат собирање на податоци од нивните вработени, туку ова го прават за поголема ефикасност. 

Според Three Square Market имплантот безболно се вградува под кожата, многу е безбеден и не врши никакви последици врз здравјето и вработените потоа може доколку одлучат лесно да го отстранат од телото.

Но, електронски чип под кожата и картичка за идентификација се многу различни категории. Замислете да доцните на работа, шефот во секое време ќе знае кога сте дошле, потоа колку време сте поминале во канцеларијата или работната просторија, а колку сте поминале во тоалетот или кафетеријата. 

Според Лори Феит Кранор професорката од Карнеги Мелон универзитетот токму ова прашање смета дека може да биде потенцијален проблем. На почетокот вработувачот може да им каже на вработените дека нема да ги следи, но потоа да реши да ја промени својата политика. 
Сепак, собирањето на податоци е доста прималиво како форма на контрола или пак индикатор за подобрување на ефикасноста со издвојување на подобрите од помрзливите работници.

Потенцијални опасности

Проблем е и што засега не постои јасна законска регулатива која ќе одреди под какви услови може да се вршат импланти на вработените, дали може да следат казни за злоупотреба од страна на работодавците и како да се гарантира заштита на здравјето и приватноста. 

Друга грижа која ја имаат компаниите за сајбер безбедност како McAfee е ранливоста на RFID чипови од можни хакерски напади. RFID имплантите користат технологија за енкрипција на податоците што е добра заштита, но може да бидат скенирани од посебни уреди за прислушкување и собирање на податоци. 

Неопходна дебата, а не заговори

Засега оваа област е се уште недоволно развиена, ниту пак регулирана. Се уште е ран почеток на првите компании кои инсталираат импланти и се е на доброволна основа, но потенцијални последици и опасности се гледаат уште сега, па затоа добро е да се постави ова прашање во научната и експертската сфера и таму да биде соодветно разгледано со цел да се најдат подобри решенија. 

За жал нема никаква посериозна дебата и импантите со RFID чипови се омилени теми само за теоретичарите на заговори кои тврдат дека на овој начин ќе биде поробено и контролирано човештвото.

Што мислите вие, дали би му дозволиле на вашиот газда да ви вметне чип под кожата.

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA