ЕК предлага универзален USB-C полнач за сите брендови на смартфони

Објавено на 24.09.2021 10:00 во Рецензија


ЕК предлага универзален USB-C полнач за сите брендови на смартфони

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Намалување на илјадници тони отпад од полначи секоја година;
+ Намалување на грижите на корисниците за наоѓање на соодветни полначи;

 

Negatives:



Целата рецензија

Европската Комисија ги претстави предлог измените во директивата, според која USB Type C треба да стане стандарден влез за полнење на смартфони, таблети, камери, слушалки, преносни звучници и рачни конзоли за видео игри. Универзалниот USB-C влез ќе им овозможи на потрошувачите да ги полнат уредите со истиот USB-C полнач, независно од марката на уредот.

Се предложува и разделување на продажбата на полначот од продажбата на самите уреди. Тоа значи дека потрошувачите ќе може да купат уред без полнач, но производителите и понатаму ќе може да ги нудат во пакет. Се предлага и усогласена брзина на полнење преку задолжителната употреба на заеднички протокол за полнење преку USB-C, што овозможува комуникација помеѓу електронски уреди и полнач, што обезбедува најбрзо можно полнење.

Предлог во директивата е упатен кон Поголемиот и Европскиот парламент на усвојување. Комисијата предлага да се одобри на државите членки период од две години од денот на усвојување, кои во своите законодавства би требало да ја внесат директивата.

Заедничко решение за полнење на електронските уреди би требало значително да го намалат бројот на полначи, кои што се натрупуваат во домовите на потрошувачите и да донесат значителни заштеди. Според проценките на Комисијата, потрошувачите во ЕУ би можеле да заштедат 250 милиони евра годишно, кои што трошат на непотребно купување на полначи. Тоа исто така ќе ја намали количината на електронски отпад за околу илјадници тони годишно.

Комисијата уште од 2009 година се обидува да го реши проблемот со универзален полнач на електронските уреди, што доведе до значително намалување на бројот на различни полначи и решенија за полнење од 30 на 3 вида. 

„Како со текот на времето купуваме нови уреди, добиваме се повеќе полначи кои меѓусебно и не се компатибилни. Тоа сега ќе го завршиме. Со овој предлог, европските потрошувачи ќе може да користат еден полнач за сите свои преносливи електронски уреди“, изјави комесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон.

Со цел да дојде до универзален полнач, потребно е да се обезбеди целосна интероперабилност од двете страни на кабелот, електронски уред и утикач за надворешно напојување. Комисијата најавува дека наскоро ќе предложи промени на уредбата во таа смисла, а таа би стапила во сила истовремено со денешниот предлог на директивата. 

Најголем отпор кон универзалниот полнач веќе со години доаѓа од американскиот производител Apple. Повеќето телефони денес што се продаваат имаат micro-USB влезови за полнење, но не и Apple iPhone, кој не може да се наполни со полнач направен за најчесто користените Android производи.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.