Last Man шутерите закана за Triple A игрите!?

Објавено на 31.07.2017 во Рецензија


Last Man шутерите закана за Triple A игрите!?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Забавно и свежо гејмерско искуство

- Се поголема гејминг заедница

- Пониска цена од Triple A игрите

 

Negatives:

 

- Рана фана на развој, недовршени алфа верзии



Целата рецензија

Во последно време се попопуларни стануваат игрите од жанрот Last Man шутери, односно видео игри во кои треба да ги победите сите конкуренти за да останете последниот играч за што следуваат мали награди, но доволна е самата сатисфакција дека сте постигнеле нешто навистина тешко.

Last Man шутерите не се воопшто нов концепт, ниту пак првите игри излегоа годинава, тие датираат одамна, ги имаше и како посебни модови креирани од фанови на постарите верзии на пример на Counter Strike, но сега се погодија повеќе услови за ваквите наслови да добијат видливо место на самиот врв на гејминг индустријата.

PlayerUnknown's Battlegrounds постигна интересен рекорд откако стана најиграната игра на Steam во текот на изминатиот викенд со речиси половина милион активни играчи, а не е наслов изработен од компанијата Valve која најчесто ги развива и лансира најдобрите и најпопуларните игри за оваа гејмерска платформа.

PlayerUnknown's Battlegrounds помина низ повеќе бета фази на тестирање, трпеливо градејќи ја својата база на фанови кои ги следеа сите процеси и верзии, па се до конечната која иако е исполирана е далеку од совршен финиш каков што добиваат игрите од ААА скапите студија за гејминг девелопмент. Сепак, има нешто специфично во Battlegrounds што ги привлекува гејмерите ширум светот. Графиката е доволно добра, теренот е доста прегледен и сите предмети и оружја имаат добар дизајн. Механиката на движење и пукање не е револуционерна, но е доволно функционална.

Тоа што Battlegrounds и сличните наслови ги издвојува е самото гејмерско искуство. Се вклучувате во меч со десетици играчи во мултиплеер и треба сами да смислите соодветна тактика како да преживеете и да останете последниот играч. Доколку премногу се криете и чекате областа ќе стане забранета и ќе бидете принудени од системот да продолжите напред.

Како што зоната која е дозволена за играчите се намалува така се зголемува и концентрацијата на преживеани играчи. Може да имате само еден пиштол и мала залиха на предмети, но квалитетно возило, па да изненадите некој што досега извршил десетина убиства.

Токму различноста на секоја партија ја прави Battlegrounds забавна за повторно играње, вие учите од вашите грешки, се прилагодувате на околината и противниците и се надевате дека следниот пат ќе бидете подобри. Исто така самите оружје не пукаат бесмислено иако не се до толку технички усовршени како во тактичкиот шутер Counter Strike. Ќе треба да научите како да пукате, а да не ви пречи повратниот удар или да ја наместите метата, но не е до толку комплицирано, но не е ни едноставно за да немате никаков предизвик.

 

DayZ: Battle Royale е меѓу понтересните игри од истиот жанр, а настана како мод на Arma 2. H1Z1: King of the Kill пред неколку месеци беше во фокусот, исто така со посебен мод со зомби апокалипса. Друга предност на овие игри е релативно пониската цена од околу 30 долари и не ги оптоваруваат играчите со дополнителни трансакции, ниту пак трошоци за скапи DLC пакети кои полека го убиваат гејмингот бидејќи сакаат да го исцедат секој денар од играчот. 

Дали вие сте ја пробале Battlegrounds и што мислите за овој жанр кој избива на врвот?

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)